На Економскиот факултет активно функционираат две студентски организации: AIESEC и Студентски парламент. Целта на овие студентски организации се состои во: подобрување на студентскиот стандард, грижа за студентските права и интереси, организирање стручна пракса, проекти, конференции и слично.

АIESEC

AIESEC е меѓународна непрофитна организација која им обезбедува на младите луѓе можности за креирање и надградување на нивниот лидерски потенцијал, за да се развијат во глобални лидери. Членовите на оваа студентска организација доаѓаат од различни факултети, без разлика на нивната област на студирање.

АИЕСЕК мрежата вклучува над 100.000 членови, во 125 земји и 780 локални канцеларии. АИЕСЕК е најголемата организација во светот водена од студенти, а нејзиното меѓународно седиште се наоѓа во Ротердам, Холандија.

Од своето основање во 1948 година, АИЕСЕК прерасна во мрежа на повеќе од еден милион млади и високи професионалци кои имаат за цел да направат позитивно влијание во нивните организации и заедници во светот.

АИЕСЕК им  овозможува на повеќе од 5000 дипломирани студенти и постдипломци, секоја година, да  заминат на професионални пракси во организации од мултинационални  корпорации, како и во start- up компании. Целта на праксата е студентите да се стекнат со практично знаење и вештини кои ќе можат да ги применат на идните работни места. Повеќе информации на:

www.aiesecprilep.org.mk

aiesecprilepcontact@gmail.com

Тел: 075 552 073

Студентски парламент

E организација што работи и се залага за интересите и потребите на студентите, односно за обезбедување подобар студентски живот. Целите и ингеренциите на Студентскиот Парламент се: влијание врз правното регулирање на барањата и потребите на студентите,  квалитативни промени во воспитно образовниот процес, подо брување на студентскиот стандард, потикнување и спроведување на заеднички активности, развивање на културно-забавните потреби на студентите, спортско рекреативните дејности, научно-истражувачкото творештво, здраствено хуманитарни, едукативни и други општествено корисни активности, како и научна и техничка соработка со домашни и странски организации, установи и институции.

Органи и тела на Парламентот се: Претседател, Извршен одбор, Собрание и Сектори за: научно – истражувачки, спортски, културно – забавен живот, екологија, меѓународна соработка и студентски стандард.