РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ
Пријавувањето и запишувањето на кандидатите во првиот, вториот и третиот уписен рок на сите единици на Универзитетот, се врши во следниве термини:
Прв уписен рок | Втор уписен рок | Трет уписен рок | |
---|---|---|---|
Пријавување на
кандидатите |
21, 22 и 23.08.2023 | 06 и 07.09.2023 | 22.09.2023 |
Претходна проверка на знаењата на
англиски јазик* |
24.08.2023 | 11.09.2023 | 25.09.2023 |
Објавување прелиминарна ранг-листа | 25.08.2023 | 12.09.2023 | 26.09.2023 |
Објавување решение за
прием на кандидатите |
30.08.2023 | 14.09.2023 | 28.09.2023 |
Запишување на кандидатите | 31.08 и 01.09.2023 | 15.09.2023 | 29.09.2023 |
* За кандидатите кои се пријавуваат на студиски програми коишто се реализираат на англиски јазик.
На Економскиот факултет – Прилеп, во прва година на прв циклус студии во академската 2023/2024 година, ќе се запише следниов број студенти:
Економски факултет – Прилеп | 200 | 200 | 30 | 400 | 18 | 400 | 248 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Академски студии
четиригодишни (осум семестри) |
|||||||
Менаџмент | 25 | 200 | 5 | 400 | 3 | 400 | 33 |
Меѓународен бизнис | 25 | 200 | 5 | 400 | 3 | 400 | 33 |
Маркетинг | 25 | 200 | 5 | 400 | 3 | 400 | 33 |
Сметководство и ревизија | 50 | 200 | 5 | 400 | 3 | 400 | 58 |
Банкарство и финансии | 50 | 200 | 5 | 400 | 3 | 400 | 58 |
Е-Бизнис | 25 | 200 | 5 | 400 | 3 | 400 | 33 |
Процедура за доделување на стипендии на студенти на прв циклус на студии кои ќе се запишат на Економски факултет-Прилеп согласно Конкурсот за запишување студенти во прва година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во акaдемската 2023/2024 година
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на https://upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- Пријава за запишување
- Електронска пријава (од iKnow-системот)
- Оригинални свидетелства од сите класови
- Оригинално свидетелство за завршено средно образование
- Документ-диплома за положена државна матура
- Извод од матичната книга на родените
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
- Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
- Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени
- Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
- Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
- Потврда за уплатени 50 денари за административна такса
Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.
Напомена:
Кандидатите при пријавувањето на единицата на Универзитетот доставуваат:
- документи од претходното образование во оригинална форма (овие документи времено се задржуваат на единицата, а потоа му се враќаат на студентот),
- незаверени копии од документите од претходното образование (што остануваат во досието на студентот).
ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При запишувањето во прва година на прв циклус судии, примените кандидати поднесуваат:
- индекс и студентска легитимација
- три фотографии (2 – 3,5х4,5см. и 1 – 2х3см.)
- пријавни листови
- Потврда за уплатени 200 денари наменски средства за културно-уметнички потреби на студентите, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678867, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42
- Потврда за уплатени 300 денари за студентски гласила и за други потреби на студентите во наставно-образовниот процес, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678848, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42
- Потврда за уплатени 1000 денари за тековни и развојни трошоци на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, банка – НБРСМ на трезорска сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678814, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто: 723012 Програма 42
- Потврда за уплатени средства за партиципација или за школарина на жиро сметката на соодветната единица на Универзитетот.
Уплатници






ПО ИЗБОР НА СТУДЕНТОТ
