ПРАКТИЧНА НАСТАВА

ПОСТАПКА

Почитувани студенти,

Според Законот за Високо Образование, сите студенти во Република Македонија мора да реализирааат практична настава секоја година во текот на своите студии. Тоа значи дека сите студенти од прва, втора и трета година треба практичната настава да ја реализираат најдоцна до почетокот на академската 2015/2016 година. Студентите од четврта година, практичната настава треба да ја реализираат најдоцна до 01.02.2015 год. бидејќи нивната праткична настава е предвидена во седмиот семестар.

Времетраењето на практичната настава не треба да биде пократко од 30 дена (не помалку од 1 и не повеќе од 8 часа на ден).

За таа цел секој студент потребно да избере компанија, институција, невладина организација или некој друг деловен субјект каде што ќе може да ја реализира практичната настава.

Студентите се должни да се пополнат ИЗЈАВА и да ја достава кај Спиркоски Милан (во просторијата на студентска служба) со која ќе се изјаснат во кој деловен субјект ќе ја реализираат практичната настава.

Економскиот факултет – Прилеп, откако студентот ќе се изјасни со кој деловен субјект контактирал, ќе му издаде упатница за реализација за практичната настава и ќе склучи договор со деловниот субјект.(ДОГОВОР се прави само ЕДНАШ за сите студенти кои ќе изведуваат практична настава во деловниот субјект). Исто така, Факултетот ќе му назначи ментор од редот на наставниците/соработниците на факултетот.

Студентот е должен за време на реализацијата на практичната настава да води дневник на активности кој ќе може да го добие од назначениот ментор.

По завршувањето на практичната настава :

  • Студентите од прва, втора и трета година најдоцна до почетокот на академската 2015/2016 година; а
  • Студентите од четврта година најдоцна до 01.02015 година

должни се :

  1. дневникот на активности заедно со потврдата заверена од организацијата каде ја реализирал практичната настава да ги достави до менторот, по што од страна на факултетот ќе му биде издадена потврда дека студентот успешно ја реализирал практичната настава.
  2. Потврда од менторот заедно со дневникот и потврдата од фирмата каде студентот изведувал практична настава се доставуваат во службата за студентски прашања.
  3. Сета ова постапка и документација ќе биде неопходен услов за студентот да може да запише втора,трета или четврта година на студии т.е. доказ пред референтот на студентски прашања дека студентската пракса е реализирана.