Почетна/Студенти/Уписи/Прв циклус (дипломски)

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

Пријавувањето и запишувањето на кандидатите во првиот, вториот и третиот уписен рок на сите единици на Универзитетот, се врши во следниве термини:

Прв уписен рок Втор уписен рок Трет уписен рок
Пријавување на

кандидатите

29 и 30.08.2022 14 и 15.09.2022 26.09.2022
Претходна проверка на знаењата на

англиски јазик*

31.08.2022 16.09.2022 26.09.2022
Објавување прелиминарна ранг-листа 01.09.2022 19.06.2022 27.09.2022
Објавување решение за

прием на кандидатите

06.09.2022 21.09.2022 29.09.2022
Запишување на кандидатите 07 и 09.09.2022 23.09.2022 30.09.2022

* За кандидатите кои се пријавуваат на студиски програми коишто се реализираат на англиски јазик.

На Економскиот факултет – Прилеп, во прва  година на прв циклус студии во академската 2022/2023 година, ќе се запише следниов број студенти:

Економски факултет – Прилеп 200 200 30 400 18 400 248
Академски студии

четиригодишни (осум семестри)

Менаџмент 25 200 5 400 3 400 33
Меѓународен бизнис 30 200 5 400 3 400 38
Маркетинг 25 200 5 400 3 400 33
Сметководство и ревизија 50 200 5 400 3 400 58
Банкарство и финансии 50 200 5 400 3 400 58
Е-Бизнис 20 200 5 400 3 400 28

Процедура за доделување на стипендии на студенти на прв циклус на студии кои ќе се запишат на Економски факултет-Прилеп согласно Конкурсот за запишување студенти во прва година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во акaдемската 2022/2023 година

ПРЕВЗЕМИ ТУКА

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба  да  се  внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При    пријавувањето    за    запишување   на    единиците   на    Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. Пријава за запишување
  2. Електронска пријава  (од iKnow-системот)
  3. Оригинални свидетелства  од сите класови
  4. Оригинално свидетелство за завршено средно образование
  5. Документ-диплома за положена државна матура
  6. Извод од матичната книга на родените
  7. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  8. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
  9. Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
  10. Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени
  11. Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
  12. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
  13. Потврда за уплатени 50 денари за административна такса

Напомена:  Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи,  пожелно  е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите  за  своите потреби.

Напомена:

Кандидатите при пријавувањето на единицата на Универзитетот доставуваат:

  • документи од претходното образование во оригинална форма (овие документи времено се задржуваат на единицата, а потоа му се враќаат на студентот),
  • незаверени копии од документите од претходното образование (што остануваат во досието на студентот).

ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При запишувањето во прва година на прв циклус судии,  примените  кандидати поднесуваат:

  1. индекс и студентска легитимација
  2. три фотографии (2 – 3,5х4,5см. и 1 – 2х3см.)
  3. пријавни листови
  4. Потврда за уплатени 200 денари наменски средства за културно-уметнички потреби на студентите, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник:  160010509678867,  ЕДБ:  4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42
  5. Потврда за уплатени 300 денари за студентски гласила и за други потреби на студентите во наставно-образовниот процес, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678848, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42
  6. Потврда за уплатени 1000 денари за тековни и развојни трошоци на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, банка – НБРСМ на трезорска сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678814, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто: 723012 Програма 42
  7. Потврда за уплатени средства за партиципација или за школарина на жиро сметката на соодветната единица на Универзитетот.

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2022/2023 ГОДИНА

ПРЕВЗЕМИ ТУКА

Уплатници

XXX СЕ ЗАМЕНУВА СО СООДВЕТНАТА ОЗНАКА ОД СПИСОКОТ НА ОПШТИНИ СО ОЗНАКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ЖИВЕАЛИШТЕТО НА СТУДЕНТОТ

ПРЕВЗЕМИ ТУКА

ПО ИЗБОР НА СТУДЕНТОТ