УКЛО ги започна подготовките за организирање меѓународна научна конференција  „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“

што ќе се одржува во Битола, на 15 и 16 ноември 2024 г. по повод Меѓународниот ден на науката.

Формирани се Организациски одбор, Универзитетски и меѓународен програмски комитет и дефинирани е Панел на тематски уредници.

Примарната тема на Конференцијата е мултидисциплинарниот пристап кон одржливиот развој, за што УКЛО објави Повик до истражувачи, научници и практичари од различни дисциплини, со нивните согледувања да придонесат за унапредување на целите за одржлив развој и низ мултидисциплинарен пристап да понудат решенија за глобалните предизвици.

Конференцијата опфаќа и посебен тематски дел:  еднаквост, различност и инклузија, што се реализира во соработка со Алијансата КОЛОРС, COLOURS European University Alliance, чија членка е нашиот универзитет. Целта е да се поттикне инклузивна средина која ќе вреднува различности и ќе промовира еднаквост во сите сектори на општеството.

Годишната меѓународена научна Конференција „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“ 2024, ќе се одржи хибридно.

Повеќе информации за Повикот на следниот линк: https://uklo.edu.mk/izdavacka-dejnost/naucen-sobir/