Во периодот од 20 – 24 мај, Економскиот факултет од Прилеп е домаќин на професорките, проф. д-р Агниесзка Војтасиак-Тереч и проф. д-р Јустуна Забава од Факултетот по економски науки и финансии при Универзитетот по економија и бизнис од Вроцлав, Полска, кои реализираат академска мобилност во рамки на Еразмус+ програмата.
Денес, професорките остварија средба со деканката, проф. д-р Драгица Оџаклиеска и продеканката за меѓународна соработка, проф. д-р Татјана Спасеска. На работната средба, беа разменети искуства за наставните методи кои се применуваат на нашите институции, при што се дискутираше и за можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на наставата и науката, со посебен акцент на развивање на партнерство во областа на аплицирање на меѓународни проекти и организација на меѓународна научна конференција.
Преку оваа мобилност во рамките на Еразмус+ програмата повторно се потврди непроценливата вредност на оваа програма, како за студентите, така и за академскиот кадар на високообразовните институции.