Согласно одлуката донесена од Наставно-научниот совет на ден 20.03.2024 год. при Економскиот факултет – Прилеп на студентите им е дозволен дополнителен испитен рок во летниот семестар во академската 2023/2024 година.

Пријавувањето на испитите ќе биде во периодот од 01 и 02 април 2024 година (понеделник и вторник).

Притоа студентите ги уплаќаат потребните средства како би се стекнале со право на полагање на избраните предмети.

Студентите кои ќе положат предмети од повторно запишаните се стекнуваат со право да запишат нови предмети согласно правилата за студирање по ЕКТС.

За полагање се уплаќаат 300,00 денари за стекнување на право за полагање во дополнителниот  испитен рок, 300,00 за секој испит посебно и 300,00 ден, плус ако испитот се полага повеќе од еднаш.

27.03.2024 год

Служба за студентски прашања

Прилеп