На 14.12.2023 година, во рамките на активностите на Центарот за професионални обуки и кариерен развој при Економски факутлет – Прилеп, гости беа учениците од  СОЕУ „Јане Сандански“ Битола, кои учествуваа на работилница на тема „Персонално стратегиско планирање“ со проф. д-р Моника Ангелоска – Дичовска. Учениците имаа можност да се сретнат со нашите Еразмус + студенти од Полска Zuzanna Gajewska и Jakub Rehmus, од кои слушнаа за нивното неколку месечно Еразмус искуство на Економски факултет – Прилеп, додека нашите демонстратори ги запознаа учениците со можностите за студирање на факутлетот.

Во рамките на истата посета, деканот проф. д-р Драгица Оџаклиеска и наши професори остварија средба со директорката на СОЕУ „Јане Сандански“ м-р Билјана Јанкуловска и професорката м-р Ана Костовска – наши алумни, и се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Економски факултет – Прилеп и СОЕУ „Јане Сандански“ Битола.

Им благодариме на сите кои учествуваа на овој настан и придонесоа за позитивна атмосфера, соработка, вмрежување и планови за идни активности.

Посакуваме уште многу успешни соработки!