На 12 мај 2023 година се одржа финалниот настан од мултидисциплинарната проектна соработка на Центарот за професионални обуки и кариерен развој при Економскиот факултет – Прилеп и компанијата iSource, со наслов „Бизнисот со академијата“. Имено, преку оваа соработка 52 студенти од прв циклус на студии распределени во 13 тимови имаа задача да истражуваат, анализираат и креираат стратегии низ текот на целиот летен семестар. Задачата инкорпорираше повеќефазни активности, така што овозможи примена на теоретското знаење во пракса и развој на применливи знаења и вештини на студентите и тоа: унапредување на вештините за истражување, анализа, планирање, креативност, тимско работење, комуницирање, презентирање, решавање конфликти, комуникација во живо и на далечина, виртуелно, употреба на бројни ИКТ алатки итн. 

На финалниот настан тимовите ја покажаа својата инзворедност, креативност, аналитичност, иновативност преточени во конкретни резултати и идеи пред присутната комисија од преставници од компанијата и ментори – професори. Мултидисциплинароста на оваа задача инкорпираше 6 наставни предемети од прв циклус на студии на Економски факутлет – Прилеп, каде многубројни изучувани техники, методи и алакти најдоа практична примена од студентите преку MultiCreation пристапот.

На финалниот настан свои обраќања имаа: проф.д-р Никола Димески – продекан за настава на Економски факултет – Прилеп, Владимир Робески – сопственик и менаџер на компанијата iSource, Кристина Димитриеска – претседател на Студентското собрание при Економски факултет – Прилеп, како и  проф.д-р Моника Ангелоска-Дичовска – координатор на мултидисциплинарната проектна задача и раководител на Центарот за професионални обуки и кариерен развој при Економскиот факултет – Прилеп. На овој  настан се  потенцираа задоволството и придобивките од ваков тип на проектна задача за сите вклучени во истата и се трасираа можностите за идни соработки. 

Несомнено, придобивките се големи како за студентите, така за Факултетот и компанијата. Би сакале да потенцираме дека сме среќни што имавме можност да соработуваме со врвна компанија како iSource, која ги отвори  вратите за соработка и нови идеи, покажа позитивен пристап и голема општествена одговорност.

Посебно се гордееме и им честитаме на нашите вредни и паменти студенти кои ја покажаа својата подготвеност да одговорат на реални задачи со многубројни предизвици. 

Посебна благодарност за проектниот тим од  Економски факултет – Прилеп, кој успешно го реализира овој мултидисциплинарен проект: проф.д-р Моника Ангелоска Дичовска – координатор, проф.д-р Рената Петревска Нечкоска – MultiCreation ментор, проф.д-р Снежана Обедниковска – ментор, проф.д-р Анета Ристеска Јанкулоска  – ментор и  проф.д-р Емилија Ѓорѓиоска – ментор.

Посакуваме уште многу вакви успешни проекти!