Во организација на Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет – Прилеп, се одржа обука за средношколци на тема: Правилно пишување на CV, мотивационо писмо и подготовка за интервју за работа. Обуката беше спроведена од професор д-р Никола Димески, кој им пренесе практични вештини и совети на средношколците за:
- изработка на кратка професионална биографија (CV) со која успешно ќе го положат „тестот од шест секунди“.
- изработка на мотивационо писмо кое ќе се разликува од толпата, ќе ве поврзе со регрутерот и ќе ве одведе до интервју.
- подготовка за интервју за работа и справување со трите типови прашања кои ги поставуваат искусните професионалци за регрутирање.