Работна посета на Витаминка на студентите од Економските факултети на УКЛО и УКИМ, со професорките по Маркетинг истражување Проф. Д-р Снежана Мојсовска Саламовска и Проф. Д-р Николина Паламидовска Стерјадовска од двата државни универзитети. Презентација на резултатите од реализираното маркетинг истражување со заеднички дизајнирана методологија. Уникатно искуство за сите вклучени страни, задоволството од сработеното е взаемно. Витаминка – пример за општествено одговорна компанија. Благодарност за соработката и топлото гостопримство, продолжуваме со соработка и на други проекти за поврзување на теоријата и практиката, со цел да се понуди врвен квалитет на стекнатите знаења на студентите.