Јас сум Виктор Трајкоски, студент на Економскиот Факултет и добитник на грант за мобилност во рамките на Еразмус+ програмата. Со самото прифаќање на мојата апликација за студиски престој на Универзитетот во Дубровник, добив детални насоки за смеsтување во еден од најновите, воедно и добро организиран студентски дом  каде што наидов на огромно разбирање и поддршка од вработените.

Предавањата се организирани на англиски јазик, професорите се максимално посветени и отворени соработка. Во друштво на студенти од 15 различни држави имам можност да се забавувам и ги запознавам нивната култура и начин на живот.

Дубровник е град со голема историја, сплет на стари традиционални градби и романтични улици, голем број на кафичи и ноќни клубови. Со ова сакам да ги мотивирам и охрабрам останатите студенти да учествуваат во вакви Ерасмус мобилности затоа што искуството е непроценливо.