Јас сум Мартин Атанасовски студент на Економскиот Факултет во Прилеп, преку кој што ја добив и шансата да реализирам студентска мобилност во рамките на Еразмус+ програмата. Благодарение на можностите кои што ги нуди оваа програма, моментално сум на размена  на Универзитетот во Дубровник, Хрватска и ги живеам можеби најубавите моменти од мојот живот. На почетокот од студиите, одлучив да се вклучам во програмата за размена на студенти бидејќи сметам така ќе бидам во можност самостојно да се изградам како личност. Универзитетот во Дубровник е многу добро организиран за дојдовните студенти сакам да потенцирам дека професорите се секогаш достапни за помош. Можам да кажам дека за еден млад човек кој го започнал своето образование, од непроценливо значење е доколку може да студира на некој од странските универзитети, да доживее нова култура, да запознава нови луѓе. Моите денови поминуваат како во сон, сместени сме во студентскиот дом во Дубровник кој нуди одлични услови согласно европските стандарди. Дубровник како град е посебна приказна со богата историја, голем број музеи во кои што ние како студенти имаме слободен влез благодарение студентските картици кои што ги добиваме од Универзитетот. Сакам да додадам дека Дубровник е еден град, покрај тоа што има места за релаксација, има места и за забава како што се ноќните клубови.

Со ова сакам да ги мотивирам и останатите студенти да се вклучат во едно вакво искуство и да бидат дел од Еразмус+ програмата.

Студент:

Мартин Атанасовски