Со запишувањето на Економскиот Факултет во Прилеп, имав желба барем еден семестар од моите студии да го поминам на некој од Европските Универзитети со кои Факултетот имам потпишано билатерален договор за соработка во рамките на Еразмус+ програмата. Оваа академска година таа моја желба се оствари. Минатата година аплицирав за студиски престој на Универзитетот во Дубровник, градот од моите соништа. Дубровник за мене бил отсекогаш еден од најубавите градови во светот исполнет со прекрасна архитектура и богата историја на која секој пат и се воодушевувам. Кога бев прифатена да учествувам на оваа размена знаев дека ова е шанса која што не би сакала да ја пропуштам. Во Дубровник пристигнав во февруари и тука сум скоро еден месец. Престојувам во студентскиот дом во Дубровник кој е еден од најдобрите студентски домови во Европа. Моето досегашно искуство ги надмина моите очекувања, стекнав прекрасни пријателства, предавањата се одлични организирани и мислам дека ова е шанса која што треба да ја искористи секој студент. За крај, би сакала да се заблагодарам на Економскиот факултет – Прилеп и Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола што ми овозможија да учествувам во оваа студенстка мобилност и ги охрабрувам и останатите студенти да аплицираат и реализираат студиски престој во рамките на Еразмус+ програмата.

Студент:

Мери Спиркоска