Согласно одлуката донесена од Наставно-научниот совет на ден 28.10.2022 год. при Економскиот факултет – Прилеп на студентите им е дозволен дополнителен испитен рок во зимскиот семестар во академската 2022/2023 година.

Пријавувањето на испитите ќе биде во периодот од 08 и 09 ноември 2022 година. (вторник и среда).

Притоа студентите ги уплаќаат потребните средства како би се стекнале со право на полагање на избраните предмети.

Студентите кои ќе положат предмети од повторно запишаните се стекнуваат со право да запишат нови предмети согласно правилата за студирање по ЕКТС.

За полагање се уплаќаат 300,00 денари за стекнување на право за полагање во дополнителниот  испитен рок, 300,00 за секој испит посебно и 300,00 ден, плус ако испитот се полага повеќе од еднаш.