Повик за аплицирање за мобилност на студенти за студии и стажирање во летен семестар во рамките на ERASMUS+ програмата
  Право на пријавување на повикот имаат:
– редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање
– за стажирање право на пријавување имаат дипломирани студенто во академската 2022/23
Потребни документи за пријавување:
– пополнет формулар за пријавување
– потврда за редовен студент
– Уверение за положени испити
– CV (Europass формат)
– Мотивациско писмо
Сите документи се достапни на веб страната на УКЛО https://uklo.edu.mk/blog/povik-erasmus-2022/
Контакт: проф.д-р Татјана Спасеска, Еразмус+ координатор на Економски факултет-Прилеп (tatjana.spaseska@uklo.edu.mk, контакт тел. 070 277 918)