На Економскиот факултет – Прилеп, од 23 -25 Септември 2022 година,  се одржа  12-та Меѓународна научна конференција на тема: Economy, Business & Society in Digitalized Environment 2022. Оваа конференција ги обедини на едно место претставниците од академската заедница и бизнис секторот кои ги споделија своите знаења, информации, искуства и резултати од истражувањата, и преку своите дискусии и идеи поттикнаа креирање на адектавни политики и решенија за низа проблеми.

Интересот на меѓународната научна заедница за нашата Конференција е сосема јасен, а тоа го потврдува фактот што привлече над 120 автори  од повеќе различни држави меѓу кои Романија, Србија, Бугарија, Турција, Косово, Албанија, Хрватска и многу други.