Со самото запишување на Економски факултет-Прилеп бев одлучен дека ќе студирам еден семестар надвор од нашата држава со цел да соберам разновидни искуства. Еразмус + програмата и големиот број Универзитети со кои што Економскиот факултет од Прилеп има склучено договор за соработка во рамките на Е+ програмата ми овозможи да го искусам студирањето на еден од настарите европски универзитети, Универзитет “Ото Фридрих” –Бамберг, Германија.

Бамберг е студентски град полн со историја и е дел од светското наследство на УНЕСКО. Една од причините е реката Мајна, над која што во центарот на градот се изградени едноставни мостови, но со стил, кафулиња и пивски градини така што додека уживаш во својот омилен пијалок ја забележуваш и раздвиженоста на луѓето низ преплетените  стари улици кои го красат. Универзитет во Бамберг е стар 400 години и e еден од највисокорангираните во Германија. Професорите се одлични педагози и полни со знаење, кои на интересен и впечатлив начин знаат  да го пренесат. Предавањата за прв пат после две години се одвиваат со физичко присуство, што резултира на повеќе меѓусебни интеракции со студентите, повеќе забави и дружби. Дополнителна предност е тоа што со самиот упис на иситот се здобив со студентска карта која ми овозможи бесплатен градски превоз, попуст во Универзитетските мензи, како и можност за плаќање со истата, бонуси во библиотеките и слично.

Студент Дино Антоски