На 11 мај 2022, Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп организира средба со одделот за човечки ресурси на компанијата Taskforce.
Гости од компанијата Taskforce беа Марија Тасиќ Ѓоршевска – директор на човечки ресурси и Билјана Кузмановска – менаџер на човечки ресурси, како и наши поранешни и сегашни студенти, вработени во Taskforce.
Студентите на Економскиот факултет –Прилеп имаа можност со присутните гости да разговараат, прашуваат и детално да се информираат за можностите за вработување и кариерен развој во Taskforce.
Taskforce како општествена одговорна компанија на гости дојде со подарок – изненадување за нашите идни студенти, имено, ни додели 10 едногодишни стипендии кои ќе бидат наменети за матуранти- наши идни студенти кои ќе се запишат во прва година на Економски факултет – Прилеп во академската 2022-2023 година, и тоа како за ученици со надобар успех, така и за ученици кои потекнуваат од ранливи категории.
Посебна благодарност до компанијата Taskforce за нивната поддршка и соработка.
Соработката на академскиот и бизнис секторот овозможува заедничко идентификување на потребите на пазарот на трудот и успешно трасирање на патот на младите до нивното работно место.
Едуцирањето и поддршката на младите е најдобриот начин да се инвестира во успешна иднина.
Овај настан беше иницијален чекор во нашата соработка, следуваат уште многу активности и настани кои ќе се спроведуваат заеднички.