На 4 мај 2022 година, Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп во соработка со маркетинг агенцијата Nova Solutions организира семинар на тема „Социјални медиуми за бизнис цели и интернет продажба”.
Учесниците на семинарот имаа можност да се запознаат со различните начини на продажба со употреба на социјални медиуми, како да таргетираат публика на истите, како да го препознаат однесувањето на потрошувачите, кои се актуелни трендови во интернет продажбата и употребата на социјалните медиуми и сл.
Актуелноста на темата и споделувањето на практичните искуства на преставниците од маркетинг агенцијата Nova Solutions привлече големо внимание кај присутните и интерес за предавања на исти или слични теми.
Оваа соработка меѓу академскиот и бизнис секторот полесно и поуспешно го трасира патот на студентите до нивното работно место и поттикнува претприемничко однесување кај истите. Им благодариме на Nova Solutions за соработката и споделено искуство.
Продолжуваме понатаму !!!