На 5 мај 2022 година, Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп во соработка со Комората на сметководители на Македонија организира гостувачко предавање на тема “Македонски даночен систем”.
Предавач беше м-р Благоја Грозданов, член на УО на Комората на сметководители, сопственик и управител на КОНТО ПРОФИТ кој во своето излагање ги потенцираше практичните аспекти на дискутираната тема и побуди голем интерес кај студентите.
Со овој настан го означивме почетокот на серијалот активности кои ќе ги организираме во наредниот период во соработка со Комората.
Благодарност до претседателот на Комората на сметководители на Македонија, г. Драган Митковски и предавачот м-р Благоја Грозданов за соработката и споделеното искоство со нашите студенти!