Студентите на Економски факултет – Прилеп преку Центарот за професионални обуки и кариерен развој на 4 мај 2022 година имаа можност да слушаат предавање на тема: Современи тенденции во меѓународните финансии vs. војната помеѓу Украина и Русија. Предавач на настанот беше почитуваниот проф. д-р Димко Кокароски – професор во пензија на Економски факултет – Прилеп, кој бил носител на повеќе значајни функции и тоа: Ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, заменик министер за финансии, амбасадор на РМ во Полска, член на советот на НБРМ итн.
Професорот Кокароски се осврна на современите тенденции во меѓународните финансии, импликациите врз меѓународната економија и финансии од аспект на инвазијата на Русија врз Украина, на клучните меѓународни финансиски институции и нивната улога и сл.
Професорот Кокаровски со неговото исцрпно и интересно предавања предизвика голем интерес кај студентите, кои преку прашања и дискусија уште повеќе го продлабочија знаењето на темата.