Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп на 20.04.2022 година организира гостувачко предвање на тема: менаџмент на снабдувачки синџири и еко-иновации. Предавач на настанот беше проф. д-р Марика Башеска Ѓоргиеска – професор во пензија на Економски факултет – Прилеп.

Студентите и присутните гости преку предавањето имаа можност да се запознаат со најновите трендови и предизвици во синџирот на снабдување, како на национално, така и на меѓународно ниво. Исто така, проф. Башеска Ѓоргиеска се осврна и на потребата  од еко –  иновации и преку примери и широка елаборација  го истакна значењето на циркуларната економија.

Проф. Башеска Ѓоргиеска со нејзиното богато искуство и знаење на темата  предизвика интерес за интерактивно учество на студентите и поттикна размислувања за еко – иницијативи.