Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп, Универзитет „Св.Климент Охридски“  –  Битола организира гостувачко предавање на тема: МЕНАЏМЕНТ НА СНАБДУВАЧКИ СИНЏИРИ И ЕКО – ИНОВАЦИИ. 

Предавач на настанот ќе биде проф. д-р Марика Башеска Ѓорѓиеска – професор во пензија на Економски факултет – Прилеп. 

Настанот ќе се одржи на 20 април 2022 година со почеток во 12:00 часот во Амфитеатар 1 на Економски факултет – Прилеп.

Заинтересираните своето присуство може да го пријават на следниот е-маил: cppuefp@uklo.edu.mk

Ве очекуваме !