Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп во соработка со Здружението интерактвна мрежа за образование и ресурси – ИМОР – Битола и МАПАС по повод Глобалната недела на парите на 23.03.2022 (среда) организираше онлајн настан каде гостин беше г-дин Горан Мартиноски од КБ Прво пензиско друштво и одржа предавање на тема: Пензиски систем на Република Северна Македонија односно што го сочинува пензискиот систем, како истиот функционира и се разбира кои се предностите и недостатоците на истиот, настанот го координираше проф. д-р Снежана Обедниковска.

Темата побуди голем интерес кај студентите и следствено на тоа се разви длабока дискусија за истата.