Почитувани студенти,
Објавен е повикот за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата за академска 2022/2023
Крајниот рок за аплицирање за мобилност во рамки на Еразмус+ програмата е 15.03.2022 год.
Право на пријавување на повикот имаат: редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот!
Потребни документи за пријавување
- Пополнет формулар за пријавување (Student Application Form)
- Потврда за редовен студент
- Уверение за положени испити
- CV (Europass формат)
- Мотивациско писмо
- Документ/потврда за познавање англиски или јазикот на институцијата каде што ќе се реализира мобилноста
Сите документи се достапни на web страницата на УКЛО (https://uklo.edu.mk/sorabotka/mobilnost/)
Потребните документи за аплицирање да се достават кај Еразмус+ координаторот на Економски факултет-Прилеп, проф.д-р Татјана Спасеска, најкасно до 15.03.2022 год. (tatjana.spaseska@uklo.edu.mk).
Подетални информации за начинот на апликација на следниот линк https://uklo.edu.mk/blog/povik-erasmus/