Доц. д-р Емилија Ѓорѓиоска

Доцент

Консултации вторник 10:00-12:00; четврток 10:00-12:00

Кадар
  • Трговско право
  • Меѓународно стопанско право

СПИСОК НА ОБЈАВЕНИ НАУЧНИ ТРУДОВИ :

  1. Еmilija Gjorgjiоska PhD, Dijana Gorgieva PhD, Zorica Stoilеva PhD, COMPARATIVE PROCESS SOLUTIONS TO DEAL WITH THE COVID – 19 PANDEMIC WITH SPECIAL FOCUS ON THE SITUATION IN CIVIL PROCEEDINGS IN REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA, Law Review Volume 11 Issue 2 Year 2020, pp.1-10.
  2. Dijana Gorgieva PhD, Еmilija Gjorgjioska PhD, Zorica Stoilova PhD FOR THE NEED OF A SCIENTIFIC DEVELOPMENT OF THE EUROPEAN CIVIL PROCEDURE LAW, 7th International Scientific Conference “Social Changes in the Global World” | Shtip, 3 – 4, September, 2020, pp.165-181.
  3. Ѓорѓиева Дијана, Стоилева Зорица, Ѓорѓиоска Емилија, ВОНРЕДНИ ПРАВНИ ЛЕКОВИ ВО ШПАНСКОТО ГРАЃАНСКО ПРОЦЕСНО ПРАВО, Годишен зборник на Правен факултет бр.10,2020 Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Штип, стр. 57-
  4. Dijana Gorgieva, Zorica Stoileva, Emilija Gjorgjioska, THE E-COMMERCE IN THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA Digital transformation of the economy and society: shaping the future: proceedings / 11th International conference, 19-20 October, 2019 Prilep. – Prilep: Faculty of Economics, October 2019, pp.466-472.
  5. Tatjana Spaseska, Dragica Odzaklieska, Emilija Gjorgjioska, Harmonization of public procurement legislation in the Republic of North Macedonia with the EU law, a never-ending process, International Scientific Conference, “Towards a Better Future: Democracy, EU Integration and Criminal Justice”, Bitola 2019, pp.23-32.
  6. Snezana Obednikovska, Kosta Sotiroski, Emilija Gjorgjioska: WEB SITE – BASIC INTERNET MARKETING STRATEGY TOOL OF DIGITAL COMPANIES, ANNALS OF THE “CONSTANTIN BRÂNCUŞI” UNIVERSITITY OF TÂRGU JIU, Economy Series, ISSUE 3 / 2019, pp.82-91. (трудот е цитиран во 5 трудови од различни автори достапно на профилот на кандидатот на Google Scholar)
  7. Aleksandar Mateski, Emilija Gjorgjioska, Violations of Trademark Rights from the Average Consumer Perspective, XII. IBANESS Congress Series on Economics, Business and Management – Plovdiv April 20-21, 2019, pp.11-19.
  8. Dragica ODZAKLIESKA, Tatjana SPASESKA, Aneta RISTESKA-JANKULOSKA, Emilija GJORGJIOSKA, Perspectives of Investment Banking in the Republic of North Macedonia, XII. IBANESS Congress Series on Economics, Business and Management – Plovdiv April 20-21, 2019, pp.148-153.
  9. Емилија Ѓорѓиоска, Еднаквите можности за учество на жените во пазарот на трудот- правна регулатива и реалност, ЖЕНАТА ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО-монографија, Европски Универзитет Република Македонија – Скопје, 2019,  стр.76-83.
  10. Emilija Gjorgjioska, Zorica Stoileva, Dijana Gorgieva, INTERIM MEASURES IN ARBITRATION, KNOWLEDGE International Journal Scientific Papers Vol. 28 No 6, December 2018. 2155-2160
  11. Emilija Mateska, PhD, RESOLVING OF INTERNET DOMAIN NAMES DISPUTES USING ARBITRATION, HORIZONS INTERNATIONAL SCIENTIFIC JOURNAL, Series A Social Sciences and Humanities Year XII Volume 22 November 2018 Bitola, pp.63-75.
  12. PhD Emilija Gjorgjioska, Industrial Property Disputes Resolution Using Arbitration And Mediation, International Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series X. IBANESS Congress Series-Ohrid,2018, MACEDONIA, pp.453-460.
  1. E. Mateska, “Punitive Damages and Publication of Judicial Decisions as Specific Requests for Protection of Industrial Property Rights”, IBANESS Conference Series – Ohrid/ Republic of Macedonia, October 28-29, 2017, pp. 9-14.
  2. E.Матеска, „Објективна медијабилност на спорови од индустриска сопственост “, Годишен зборник на Правен факултет бр.7, 2017, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Штип, стр. 175-186.
  3. E.Mateska,Activities of the Customs Administration for Protecting the Intellectual Property Rights“, Balkan and Near Eastern Journal of Social Sciences, Vol.2, Number 4, 2016, pp. 128-133. (трудот е цитиран во 2 трудови од различни автори достапно на профилот на кандидатот на Google Scholar)
  4. E.Mateska,“Activities of the Customs Administration for Protecting the Intellectual Property Rights“, International Balkan And Near Eastern Social Sciences Conference Series (IBANESS), Proceedings, Prilep, Macedonia, October 28-30, 2016, pp. 581-586.
  5. E. Mateska, S. Obednikovska, A.Mateski, “Financial Discipline of Enterprises’ activities in the Republic of Macedonia”, L’Association 1901 “SEPIKE” Social Education Project of Improving Knowledge in Economics, Journal, Ausgabe 10, Osthofen, Deutschland, Poitiers, France, Los Angeles USA, 31.10.2015, pp.105-110.
  6. E.Mateska, S.Obednikovska, A.Mateski, “Financial Discipline in Republic Macedonia way of more Efficient Mode for Enterprises’ Activities, Annals of the „Constantin Brâncuşi” University of Târgu Jiu, Economy Series, Issue 2/2015, „ACADEMICA BRÂNCUŞI” PUBLISHER, pp. 372-376.
  7. A. Mateski, E.Mateska, “The Effects of Mandatory Listing on the Macedonian Stock Exchange”, Međunarodna naučna konferencija ”Finansijsko izveštavanje u funkciji korporativnog upravljanja”, Beograd, Srbija, 05.12.2014, pp. 70-72.
  8. I. Sushak, E.Mateska, “Mediation аs аn Alternative оf Criminal Procedure“, International Scientific Conference, Criminalistic education, situation and perspectives -20 years after Vodinelic, Faculty of Security-Skopje, Skopje, 24-25 October 2014, pp. 52-59.
  9. E. Mateska, A. Mateski,” Expert Report as Evidence in Litigation Procedure “, Horizonti, University “St.Kliment Ohridski”-Bitola, Volume 16, Year X, Bitola, September 2014, pp. 179-190.
  10. E. Mateska, “Notary’s authority in non-contentious proceedings in Republic of Macedonia, comparative experiences and perspectives for greater process economy “, Horizonti, University “St.Kliment Ohridski”-Bitola, No.10, Bitola, May 2013, pp. 77-86.

 

ОБЈАВЕНИ КНИГИ И МОНОГРАФИИ

 

  1. Коавтор на монографијата ЖЕНАТА ВО СОВРЕМЕНОТО  ОПШТЕСТВО-монографија,  Европски Универзитет Република Македонија – Скопје, 2019, ISBN 978-608-4574-85-9

СПИСОК НА ОБЈАВЕНИ СТРУЧНИ ТРУДОВИ :

  1. D. Emilija Gjorgjioska, Ph.D. Miroslav Andonovski, Ph.D. Aleksandar Mateski, PROTECTION OF INDUSTRIAL PROPERTY RIGHTS AS A STIMULATOR FOR ECONOMIC GROWTH, HORIZONS INTERNATIONAL SCIENTIFIC JOURNAL Series A Social Sciences and Humanities Year XIII Volume 24, February 2020, pp.127-138. (индексиран во Ebsco)
  2. Е. Ѓорѓиоска, Електронската трговија од аспект на македонскиот потрошувач, Економија и Бизнис, година 22, број 260/261/262, април/мај/јуни 2020, стр.57-60.
  3. Е. Ѓорѓиоска, Насмевни се, те снимаат!, Економија и Бизнис, година 21, број 247, февруари 2019, стр.60-63.
  4. Е. Ѓорѓиоска, НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПАРНИЧНА ПОСТАПКА ВО ПРВ СТЕПЕН ВО СПОРОВИ ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ, Институт за човекови права, Правен дијалог бр. 18 – јули 2018, стр.2-10.
  1. Е. Ѓорѓиоска “Спорови од заштитата на интернет домен имиња”, Економија и бизнис, година 20, број 236, февруари 2018, стр.62-65.
  2. E. Ѓорѓиоска,” Предностите на арбитражата во споровите од индустриска сопственост”, Економија и бизнис, мај 2017, стр.62-65.
  3. E.Mateska, S.Obednikovska,“Consumerism and consumer protection in the Republic of Macedonia”, Horizonti, University “St.Kliment Ohridski”-Bitola, Volume 17, Year XI, Bitola, September 2015, str.57-66. (индексиран во Ebsco)
  4. Е. Матеска „Потребата за ревидирање на одредбите за извршување врз платата и другите парични примања на должникот“, Правник, Здружение на правници на Република Македонија,  бр.266, јуни 2014 гoдина, стр.14-17.
  5. Е. Матеска, „Регулатива y Републици Македонији o рангирању високообразовних установа“, XX Skup Trendovi razvoja, “Razvojni potencijal visokog obrazovanja” , Univerzitet u Novom Sadu i Fakultet tehničkih nauka – Novi Sad Kopaonik, 24. – 27. 02. 2014 godina, str.1-3.
  6. M. Andonovski, E. Mateska, „Praktična nastava i mogučnosti za profesionalno usavršavanje“, XVII Skup Trendovi razvoja: “Evropa 2020: Društvo zasnovano na Znanju”, Univerzitet u Novom Sadu i Fakultet tehničkih nauka – Novi Sad, Kopaonik, 07. – 10. 03. 2011 godina, str.1-4.
  7. Е. Матеска, „Улогата на нотарите во Република Македонија при спроведување на оставинска постапка и составување на тестаменти“, Правник, Здружение на правници на Република Македонија, бр.225, јануари 2011 гoдина, стр.52-56.

РЕФЕРАТ ЗА ИЗБОР

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР

Биографски податоци за д-р Емилија Ѓорѓиоска (род.Матеска)

Образование:

Д-р Емилија Јоска Ѓорѓиоска (род.Матеска) е родена во Прилеп на 04.07.1986 година, каде и го завршува основното, а во 2005 година со континуиран одличен успех и средното образование во Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, на насоката општа гимназија. За време на основното и средното образование наградувана е со повеќе награди на локално и на државно ниво. Правниот факултет го завршува во јуни 2008 година со просечен успех од 9.73, како еден од најдобрите студенти на генерацијата, по што се стекнува со звање дипломиран правник.

Во академската 2008/2009 година ги продолжува студиите на втор циклус на студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје на правосудната насока: Модул А- граѓанско право. Предвидените 13 испити ги полага во пропишаниот рок со просечен успех 10,00. На 02.10.2010 година успешно го брани магистерскиот труд под наслов: „Овластувања на нотарите во вонпарнична постапка во Република Македонија и во компаративното право“ под менторство на проф.д-р Татјана Зороска-Камиловска, по што се стекнува со звање магистер по право.

Во академската 2012/2013 година се запишува на трет циклус на студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје  на студиската програма граѓанско право. Предвидените 8 испити ги полага со просечен успех 9,87. На 10.07.2017 година успешно ја брани докторската дисертација под наслов: „Арбитража и медијација во спорови од индустриска сопственост“ пред Комисијата во состав: проф.д-р Арсен Јаневски -претседател, проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, проф.д-р Тони Десковски, проф. д-р Валентин Пепељугоски и проф.д-р Татјана Зороска Камиловска- ментор, по што се стекнува со звање: доктор на правни науки од областа на граѓанско право.

Во Февруари 2013 година успешно го полага правосудниот испит пред надлежната комисија од Министерството за правда на Република Македонија.

Го има положено испитот за овластени лица за јавни набавки во организација на Бирото за јавни набавки, Министерство за финансии во јуни 2012 година. Во 2015 година, 2018 година и ноември 2020 година, повторно го полагала испитот за продолжување на потврдата за лице за јавни набавки.

Работно искуство:

Кандидатот има волонтирано неколку месеци во Основниот суд Прилеп на граѓанска и трговска материја и има искуство од работа во адвокатска канцеларија од 2 месеци.

Во периодот од октомври 2010 година до јуни 2011 година е договорно ангажирана на Економски факултет-Прилеп за извршување на правни услуги.

Од јуни 2011 година до декември 2012 година има работно искуство во фирмите: ДОО Фам Прилеп и Крин Производство ДОО-Прилеп.

Од 26.12.2012 година е вработена на Економски факултет-Прилеп како Раководител на сектор за општи и правни работи. Во рамките на работните задачи на Економски факултет, кандидатот го има застапувано Факултетот во повеќе постапки пред управни органи, во судски постапки, стечајни постапки, постапки пред извршители и нотари во Република С. Македонија, вклучително и во постапки за стекнување право на трговска марка пред Државниот завод за индустриска сопственост.

Исто така, учесник е во повеќе работни групи при изработката на општите акти на Факултетот и Универзитетот (Статут и други општи акти на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола и Економски факултет-Прилеп).

Член е на Комисијата за нормативна дејност на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола од ноември 2015 година.

Назначена е за овластено лице за извршување на работи од областа на јавните набавки, за потребите на факултетот од декември 2014 година.

Избрана е за член на Организациониот одбор на International Balkan and Near Eastern Social Sciences Conference Series која се одржа во Прилеп во октомври 2016 година и за член на Организационен одбор на меѓународна научна конференција на тема: „DIGITAL TRANSFORMATION OF THE ECONOMY AND SOCIETY:  SHAPING THE FUTURE“ во организација на Економски факултет-Прилеп која се одржа во октомври 2019 година.

Назначена е за член на Комисија за изработка на елаборати за реакредитација на студиските програми на прв циклус на студии во 2021 година.

Со Одлука на Наставно-научниот совет на Економски факултет-Прилеп бр.02-1034/13 од 25.09.2018 година избрана е за насловен доцент од областа граѓанско право. Ангажирана е во изведување на настава и испити на втор циклус на студии на Економски факултет-Прилеп по предметните програми: „иновации и интелектуална сопственост“ и „право на Европска Унија“.

Член е на Друштвото за наука и уметност – Прилеп од ноември 2018 година.

Со Одлука на Наставно-научниот совет на Економски факултет-Прилеп бр.02-1212/3 од 03.12.2021 година избрана е за доцент од областа граѓанско право. Ангажирана е во изведување на настава и испити на прв циклус на студии на Економски факултет-Прилеп по предметните програми: „трговско право“ и „меѓународно стопанско право“.

Студиски престои во странство:

  1. Има реализирано престој на Универзитетот Sofia Antipolis од Ница во периодот 07-08.07.2011 во рамките на Темпус проектот SM DOCSTUD (CO39B06).
  2. Во периодот од 21-28.03.2016 година има реализирано студиски престој на Правниот факултет во Марибор, при Универзитетот во Марибор.
  3. Во периодот од 31.05 до 04.06.2021 година реализирала студиски престој на Економски факултет- Ниш при Универзитетот од Ниш, Србија во рамките на програмата Erasmus +.

Учество на меѓународни проекти:

1.      Ангажирана била во рамките на Темпус проектот: 510993-TEMPUS-1-2010-1-IT-TEMPUS-JPCR(2010-3187/001-001): „DEVELOPING A REGIONAL JOINT DOCTORAL PROGRAMME IN ENTREPRENEURSHIP AND SMES MANAGEMENT FOR THE WESTERN BALKAN COUNTRIES “ (DOCSMES). Партнери на проектот: Alma Mater Studiorum – Università di Bologna, Italy (UNIBO); University “St.Kliment Ohridski” Bitola, Republic of Macedonia (UKLO); Universitat Autonima de Barcelona, Spain; University of Nice, France; South East European University, Republic of Macedonia; University of Tirana, Albania; Agricultural University of Tirana, Albania and Dardania University, Prishtina, Kosovo; Seavus dooel Skopje, Republic of Macedonia (SEAVUS) – Partner; Agency for Promotion of Entrepreneurship of the Republic of Macedonia (APPRM), Macedonian Chambers of Commerce, Republic of Macedonia (MCC) , Konfederata e Industrive te Shqiperise- Albanian Confederation, Albania (Konfindustria).

2.      Ангажирана била во рамките на проектот: „Алијанса на знаење во Еко-иновативно претприемништво за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија“/A knowledge Alliance in Eco-Innovation Entrepreneurship to Boost SMEs Competitiveness (SMecoMP), во рамките на Transnational Cooperation Programme Interreg Balkan-Mediterranean. Партнери во проектот се: Agency for Promotion of Entrepreneurship, Bulgarian Industrial Association, Union of the Bulgarian Business; Cypriot Enterprise Link; Cyprus University of Technology; Federation of Industries of Northern Greece; Trakia University – Stara Zagora и University “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Faculty of Economics-Prilep.

Учество на обуки, семинари, тркалезни маси, курсеви, форуми, работилници и сл. од стручен или професионален карактер организирани од меѓународни или домашни институции:

  • Обука на лица за јавни набавки за продолжување на важноста на потврдата за лице за јавни набавки – (обука за ресертификација), Биро за јавни набавки, 07.10.2020 година, Скопје.
  • Практична обука на тема: „Специфичности на новиот Закон за јавните набавки и насоки за негова правилна примена“, АЦТ ДОО Скопје, 13.03.2019 година, Скопје.
  • Втора арбитражна конференција на тема: „АРБИТРАЖАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ ЗА РАЗВОЈ“, Стопанската комора на Македонија, Скопје, 15.05.2015 година.
  • 70-та средба на Правниците на Република Македонија, Охрид 8-10 мај 2014 година.
  • International Scientific Conference “Arbitration in the CEFTA Region – A Way toward Economic Development, Скопје, Р. Македонија (февруари, 2014).
  • 69-та средба на Правниците на Република Македонија, Охрид 24-26 октомври 2013 година.
  • Семинар на тема: „Искуствата и дилемите во спроведувањето на измените и дополнувањата на ЗТД од 2010 и 2011 година во врска со статутите на акционерските друштва“, Здружение на правници на Република Македонија, Скопје, 14 март 2012 година.
  • Семинар на тема: „Измените на законот за парнична постапка и нивната примена“, Здружение на правници на Република Македонија, Скопје, 06.10.2011 година.
  • Семинар на тема: „Заштита на правата од интелектуална сопственост“, Здружение на правници на Република Македонија, Скопје, 09.12.2010 година.
  • Семинар на тема: „Инсолвентност, стечај и ликвидација на трговско друштво – легислатива и практика“, Здружение на правници на Република Македонија,Скопје, 01-02.12.2010 година.

Странски јазици и компјутерски вештини:

Има солидни познавања на англиски јазик (Certificate for passed examination level 5, London Institute of English и меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик – БУЛАТС (Business Language Testing Service) од Одделот за сертифицирање на англиски јазик при Универзитетот Кембриџ, со CEFR level: B2) и има солидно познавање на Microsoft Windows XP and Microsoft Office.