Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп, Универзитет „Св.Климент Охридски“  –  Битола организира вебинар на тема „Бизнис искуства и предизвици“. Предавачи на вебинарот ќе бидат искусни и успешни претприемачи –алумнисти на прв, втор и трет циклус студии на Економски факултет – Прилеп.

Вебинарот ќе се одржи на 17 ноември 2021 година со почеток во 13:00 часот на онлајн платформата Google Meet.

За учество на вебинарот, заинтересираните треба да се регистрираат на следниот линк  https://bit.ly/31TGVcz

Регистрираните учесници ќе добијат порака на е-маил со информација за учество на вебинарот и линк за уклучување на настанот. Местата за учество на семинарот се ограничени.

Учесниците на вебинарот „Бизнис искуства и предизвици“ ќе имаат можност да слушнат претприемнички совети и искуства за: започнување и водење на бизнис, справување  со предизвиците наметнати од пандемијата, дигитализацијата и бизнисот, водење на бизнис во различни сектори, предизвиците на жените менаџери и претприемачи и други интересни теми поврзани со бизнисот.

Исто така, учесниците ќе имаат и можност повеќе да се запознаат со работата и идните активности на Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Економски факултет – Прилеп.

Говорници на настанот ќе бидат:

проф. д-р Моника Ангелоска Дичовска

Раководител на Центар за професионални обуки и кариерен развој

Економски факултет – Прилеп

Марија Божиновска Јовановска – дипломиран економист

Сопственик и менаџер на МБ Агропласт Ролпласт Битола

м-р Оливера Јошевска

Основач и сопственик на ЈК Травел

д-р Ана Ристевска

Сопственик и управител на Јавен Адвертајзинг  Битола

Ве очекуваме!

Доколу имате прашања може да се обратите на следниот е-маил: cppuefp@uklo.edu.mk