Доц. д-р Виолета Глигоровски

Доцент

Консултации вторник 10:00-12:00; четврток 10:00-12:00

Кадар
  • Предмет
  1. Violeta Gligorovski, Dragica Odzaklieska, How to Manage Stress As an Enterpreneur, Annals of’ Constantin Brancusi’ University of Targu-Jiu. Economy Series, 2021
  2. Violeta Gligorovski, Dragica Odzaklieska, Snezana Mojsovska Salamovska, Using The Statcounter As A Web Analytical Tool to Understand The Web Visitors And Increase The Web Traffic, 11 International Conference Digital Transformation of the Economy and Society Shaping the Future, Prilep, 2019;
  3. Violeta Gligorovski, Gjorgji Mancheski, Agim Mamuti, The Importance of The Acquisition Overview Report Using Google Analytics to Measure the Performance of Various Traffic Sources In A Digital Economy. 24 International Scientific Symposium Strategic Management and Decision Support Systems in Strategic Managemnet, Subotica, 2019 ;
  4. Violeta Gligorovski, Gjorgji Mancheski, Marjan Angeleski, Quantification of the Managerial stress, TEM Journal. Volume 7, Issue 1, Pages 201-210, ISSN 2217-8309, DOI: 10.18421/TEM71-25, February 2018;
  5. Violeta Gligorovski, Gjorgji Mancheski, Marjan Angeleski Increasing the Engagement of Audience in Seo Of An Actual Page Using Google Ads , Balkan and Near Eastern Journal of Social Science,volume 4, number 4, 2018
  6. Gligorovski Violeta, Overview of the implementation models of changes and their utilization in Macedonian companies, Ecoforum [volume 6, issue 3(13), 2017];
  7. Violeta Gligorovski, Gjorgji Mancheski, Marjan Angeleski,Adaptation model for reducing the managerial stress, Annals of the „Constantin Brâncuşi” University of Târgu Jiu, Economy Series, Issue 6/2017;
  8. Gjorgji Mancheski, Gligorovski Violeta, Mapping the Changes in companies in the Republic of Macedonia, according to the size of the company, International Journal of Management (IJM) Volume 8, Issue 4, July–August 2017, pp.88–97, Article ID: IJM_08_04_012  Journal Impact Factor (2016): 8.1920 (Calculated by GISI) www.jifactor.com  ISSN Print: 0976-6502 and ISSN Online: 0976-6510 ,  IAEME Publication;
  9. Violeta Gligorovski, Gjorgji Mancheski, Lidija Simoncheska, Mapping the changes in the companies in the Republic of Macedonia in relation to the industry and the activity in which they operate, International Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series, October 28-29, 2017;
  10. Gligorovski Violeta,The Impact of Technological Changes on Human Capital and Company Productivity, International Journal of Information, Business and Management, Elite Hall Publishing House, Taiwan 8, No.3, 2016, Issn 2076-9202, 2016;
  11. Gligorovski Violeta,Redesign of CMT–base production towards company’s own brand name in the textile industry in Republic of Macedonia, International Academic Conference on Economics, Management and Marketing in Prague, 2014;
  12. Gligorovski Violeta,Increasing the absorptive capacity in SMEs for innovation in MacedoniaInternational conference: SMEs Development and Innovation: Building Competitive Future Of south – Eastern Europe, Ohrid 3-4 October 2014;
  13. Gligorovski Violeta, The Implications of digital technology on the labor market – case study for Macedonia, Horizons, International scientific Journal (special edition) Economics , Bitola, April, 2014;
  14. Виолета Глигоровски, проф.д-р Снежана Саламовска Мојсовска, „Перспективите на стеикхолдерите BALANCEDSCORECARD како елемент во високото образование и проценка на перформансите“, Втора меѓународна научна конференција: Современите менаџерски предизвици и организациските науки БАС, Битола, 2013;
  15. Snezana Salamovska Mojsovska, Gligorovski Violeta, Digital Marketing in the virtual space challenges for companies in Macedonia and western Balkans, International scientific conference, REDETE Economic Development and Enterpreneurship in transitions Economies: A search for New Paradigms, Banja Luka, 25-26 October, 2012.

Кандидатката д-р Виолета Душан Глигоровски е родена во Сиднеј, Австралија на 06.02.1976 година. Средното образование го завршила во гимназијата  „Мирче Ацев“ – Прилеп, на насоката математика – информатика.

По завршувањето на средното образование, во учебната 1996/97 година, кандидатката се запишала на Филозофски факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“на насоката филозофија, а истиот го завршила во 2002 година со просечен успех 8.7, со што се стекнала со звање дипломиран професор по филозофија.

Со цел да обезбеди континуирана наобразба и да го надогради своето знаење во учебната 2008/09 год., таа се запишала на втор циклус студии на насоката маркетинг менаџмент на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола, каде што предвидените испити ги положила со просечна оценка 9,60. На 18.06.2012 година, пак, успешно го одбранила магистерскиот труд на тема: “Виртуелниот простор и неговата економска моќ“ и се стекнала со научен степен магистер по маркетинг менаџмент.

Кандидатката, во академската 2012/13 година, се запишала на трет циклус студии на насоката менаџмент на Економски факултет – Прилеп, при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола. Испитите ги положила во предвидениот рок со просечна оценка 9.00. На 29.06.2018 година таа успешно ја одбранила докторската дисертација на тема:Мапирање на промените во компаниите и квантификација на имплицираниот стрес кај менаџеритеи  се стекнала со звање доктор на економски науки од областа на менаџментот.

Исто така, кандидатката флуентно го владее англискиот јазик, а за тоа како доказ има приложено сертификат за познавање  англиски јазик. Но, треба да се нагласи дека таа има и исклучителни познавања од информациско-комуникациските технологии, и тоа: напредно познавање од Microsoft Office програмите (Word, Excel, Power Point), Photoshop CS6, InDesign CS6, Corel, Ilustrator CS6, Dreamweaver CS6, одлично познавање на статистичкиот софтвер за анализа на податоци SPSS, познавање од софтверскиот книговодствен пакет MYOB 14, 20201 Operate accounting application, (Сертификат II Information Technology, Акредитиран национален курс од Мелбурн, Австралија) и познавање на интернет маркетинг, односно SEO, GoogleAdSense, FacebookAds. Има искуство во администрирање и едитирање  веб страници, како и користење  аналитички апликации, како што се: GoogleAnalytics, Statcounter и др.

Покрај тоа,  д-р Виолета Глигоровски во последните пет години учествувала на следниве научни собири:

  1. INTERNATIONAL BALKAN AND NEAR EASTERN SOCIAL SCIENCES CONFERENCE SERIES (IBANESS), Prilep, Macedonia, October 28-30, 2016.
  2. INTERNATIONAL BALKAN AND NEAR EASTERN SOCIAL SCIENCES CONFERENCE SERIES (IBANESS), Ohrid/ Republic of Macedonia, October 28-29, 2017;
  3. International Balkan and Near Eastern Social Sciences Congress Series X. IBANESS Congress Series-Ohrid / MACEDONIA, (27-28.10.2018);
  4. 11th International conference, 19-20 October, 2019 Prilep. – Prilep: Faculty of Economics, October 2019.

Научните и стручните трудови на кандидатката, д-р Виолета Глигоровски, се достапни на:

  • електронскиот репозиториум на УКЛО

http://eprints.uklo.edu.mk/view/creators/Gligorovski=3AVioleta=3A=3A.html

  • академската социјална мрежа ResearchGate

https://www.researchgate.net/profile/Violeta-Gligorovski

  • Google Scholar

https://scholar.google.com/citations?user=7MGsaK4AAAAJ&hl=en.

Од информациите коишто се добиени од GoogleScholarпрофилот на д-р ВиолетаГлигоровски(https://scholar.google.com/citations?user=7MGsaK4AAAAJ&hl=en) може да се констатира дека нејзините публикации забележале 7 цитирања, а за тоа кандидатката има приложено и соодветен доказ.

Од биографските податоци на д-р Виолета Глигоровски и доставените документи, пак, може да се констатира дека таа има повеќегодишно работно искуство. Определен период таа била ангажирана како преведувач во фирмата за финансиски консалтинг „Finance“, Мелбурн, Австралија.

Освен тоа, кандидатката,  д-р Виолета Глигоровски, реализирала низа активности како администратор на веб страницата www.domistil.mk за словенечка компанија, и тоа : подготвувка и превод на текстови, зголемување на видливоста на веб страницата и сл. Од 2005 година таа е ангажирана  на Економски факултет – Прилеп како деловен секретар со редовни дневни обрски во контактите со студенти, соработници и професори од Факултетот. Исто така, кандидатката учествувала во изработка и дизајнирање на голем број промотивни и други материјали за потребите на Факултетот, како што се, на пример: постери за гостувачки предавања, флаери, брошури и сл.. Таа веќе долго време учествува во техничката подготовка на списанието Еквилибриум ( 30 изданија) и меѓународното списание SERBE, што ги издава Економски факултет – Прилеп,

Кандидатката е основач, администратор и едитор на својата веб страница веќе пет години, www.vegansproducts.com.

Исто така, кандидатката има стекнато и соодветно искуство во доменот на организацијата на одделни настани и научни собири, и тоа како член на Организациски одбор за организација на 60- годишниот јубилеј на Економски факултет – Прилеп и член на Организацскиот одбор на меѓународната конференција DIGITAL TRANSFORMATION OF THE ECONOMY AND SOCIETY : SHAPING THE FUTURE, во организација на Економски факултет Прилеп, одржана октомври 2019 година.

Кандидатката, д-р Виолета Глигоровски, била учесник во Темпус проектот: 510993-TEMPUS-1-2010-1-IT-TEMPUS-JPCR(2010-3187/001-001): „DEVELOPING A REGIONAL JOINT DOCTORAL PROGRAMME IN ENTREPRENEURSHIP AND SMES MANAGEMENT FOR THE WESTERN BALKAN COUNTRIES “ (DOCSMES).

.