УПИСИ 2020/21


РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-ПРИЛЕП

Пријавувањето и запишувањето на кандидатите во првиот, вториот и третиот уписен рок на сите единици на Универзитетот, се врши во следниве термини:

 

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Трет уписен рок

Пријавување на кандидатите

27.08, 31.08 и 01.09.2020

14 и 15.09.2020

24.09.2020

Претходна проверка на знаењата по англиски јазик

02.09.2020

16.09.2020

25.09.2020

Објавување прелиминарна ранг-листа

07.09.2020

17.09.2020

25.09.2020

Објавување на решение за прием на кандидатите

09.09.2020

21.09.2020

28.09.2020

Запишување на кандидатите

10 и 11.09.2020

23.09.2020

30.09.2020

Универзитетот, по потреба, ќе спроведе и дополнителен уписен рок.


НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ НА УКЛО ЗА ВРЕМЕ НА ПРИЈАВУВАЊЕТО / ЗАПИШУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИ ПО КОНКУРС ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА


ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. Пријава за запишување
  2. Електронска пријава (од iKnow-системот)
  3. Оригинални свидетелства од сите класови од средно образование
  4. Оригинал документ: Диплома за завршено средно образование во учебната 2019/2020 година / Диплома за положена државна матура / Свидетелство за завршено средно образование
  5. Извод од матичната книга на родените
  6. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7.  Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
  8.  Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
  9.  Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени
  10. Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
  11. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци
  12. Потврда за уплатени 50 денари за административна такса 

Напомена:

Кандидатите при пријавувањето на единицата на Универзитетот доставуваат:

  • документи од претходното образование во оригинална форма (овие документи времено се задржуваат на единицата, а потоа му се враќаат на студентот),
  • незаверени копии од документите од претходното образование (што остануваат во досието на студентот).

ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

При запишувањето во прва година на прв циклус студии, примените кандидати поднесуваат:

  1. индекс и студентска легитимација
  2. три фотографии (2 – 3,5х4,5см. и 1 - 2х3см.)
  3. пријавни листови
  4. Потврда за уплатени 200 денари наменски средства за културно-уметнички и други потреби на студентите, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678867, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42
  5. Потврда за уплатени 300 денари за студентски гласила и за други потреби на студентите во наставно-образовниот процес, банка НБРСМ на трезорска сметка 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678848, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто 723012, програма 42 14
  6. Потврда за уплатени 1000 денари за функционирање и развој на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, банка - НБРСМ на трезорска сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник: 160010509678852, ЕДБ: 4002979132007, Приходно конто: 723012 Програма 42
  7. Потврда за уплатени средства за партиципација или за школарина на жиро сметката на соодветната единица на Универзитетот.

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА


КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА


КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС - ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА


ПРИЈАВА НА КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО АКАДЕМСКАТА 2020/2021 ГОДИНА


УПЛАТНИЦИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

XXX СЕ ЗАМЕНУВА СО СООДВЕТНАТА ОЗНАКА ОД СПИСОКОТ НА ОПШТИНИ СО ОЗНАКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ЖИВЕАЛИШТЕТО НА СТУДЕНТОТ

ПРЕВЗЕМИ ТУКА

 

 

 

ПО ИЗБОР НА СТУДЕНТОТ




© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2020. Сите права задржани.