доц. д-р Наташа Трајкова

Биографија

Наташа Трајкова е родена 1977 година во Битола. Дипломирала на Економскиот факултет во Прилеп на насоката меѓународна економија во 1999 година. Потоа во 2004 година магистрира на Економскиот Институт во Скопје одбранувајќи ја магистерската теза со наслов „Трговските ефекти од регионалното интегрирање – со посебен осврт на регионалните интеграциски опции на Република Македонија“. Во 2013 год докторира на Staffordshire University во Англија  со докторската дисертација “ Instability and Volatility of Economic Growth Under Transition: An Application of the Exogenous Growth Theory”. Во меѓувреме, во периодот од 2000-2007 год. работела како асистент на Економскиот Факултет во Прилеп, а во периодот од  2007 – 2014 год. на Факултетот за администрација и менаџмент со информациски ситеми во Битола, каде е и избрана за доцент. Од септември 2014 повторно работи на Економски факултет- Прилеп.

© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2017. Сите права задржани.