Соопштенија


23 Март 2018

УКЛО започна постапка за набавка на услуги/експерт за анализа согласно PRAG 2016 во рамките на проектот(SMecoMP) Повеќе.


22 Март 2018

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола започна постапка за набавка на услуги/експерт за истражување согласно PRAG 2016, во  рамките на проектот A Knowledge Alliance in Eco-Innovation Entrepreneurship to Boost SMEs Competitiveness” (SMecoMP)/ Алиjанса на знаење во Еко – Иновативно Претприемништво за поттикнување на конкурентноста на МСП (МСекоМП). Проектот е финасиран од ЕУ и од Буџетот на РМакедонија и трае 24 месеци. Подетални информации тука.


22 Март 2018

Колоквиумот по предметот Сметководствен менаџмент на барање на студентите (заради поклопување на два колоквиуми) ќе се реализира на ден 31 Март 2018 година во 11.00 часот.


19 Март 2018

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во пресрет на Денот на основањето на УКЛО, на 24 април 2018 година, по трет пат организира натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот на тема:  

Quo vadis, студенту?  Правата на студентите во 21 – от век

симни документ


17 Март 2018

Колоквиумот по Бренд менаџмент, освен во редовниот термин на 31.03, на барање на студентите (заради поклопување на три колоквиуми во истиот ден), ќе се реализира во уште еден дополнителен  термин, на 23.03 во 9.30 часот.

Исто така, часовите од овој понеделник и вторник се одложуваат  за подоцна, по колоквиумската недела , во термин кој што ќе биде дополнително утврден во договор со студентите.


02 Март 2018

Согласно одлуката донесена од Наставно-научниот совет на ден 01.03.2018 год. при Економскиот факултет – Прилеп на студентите им е дозволен априлски (дополнителен) испитен рок.

Пријавувањето на испитите ќе биде во периодот од 12 – 13 март 2018 година. (понеделник и вторник).

Притоа студентите ги уплаќаат потребните средства како би се стекнале со право на полагање на избраните предмети.

Студентите кои ќе положат предмети од повторно запишаните се стекнуваат со право да запишат нови предмети согласно правилата за студирање по ЕКТС.

За полагање се уплаќаат 300,00 денари за стекнување на право за полагање во дополнителниот  испитен рок, 300,00 за секој испит посебно и 300,00 ден, плус ако испитот се полага повеќе од еднаш.


28 Февруари 2018

Внесување на оценки по предметите Основи на економијата, Меѓународни односи и Вовед во економска глобализација на 01.03.2018 (четврток) од  10.30 до 11.30 часот во кабинетот на професорот.


27 Февруари 2018

Се информираат студентите кои го слушаат предметот Деловен германски јазик 2 дека часовите на ден 28.02.2018 година (Среда) ќе започнат во 10:30 часот. Предметен наставник проф. д-р Елена Цицковска


22 Февруари 2018

Почитувани,

За вежби подгответе се за критичка анализа на :

1. Класична квантитативна анализа на парите

2. Кензијанска доходна монетарна теорија

3. Неокласична квантитативна теорија на парите - Фридман

Фокусирајте се на една од наведените теории

 

Поздрав Спире


22 Февруари 2018

Студентите кои го слушаат предметот Девизен систем и девизно работење имаат обврска да се подготват за вежби на следните две теми:

1. Фиксни девизни курсеви - предности недостатоци и апликација

2, Флуктуирачки девизни курсеви - предности, недостатоци и апликација

Поздрав, Спире

| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2018. Сите права задржани.