Соопштенија


20 Мај 2019

Испитите на ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ по предметите: Стратегиски менаџмент, Е-маркетинг и Меѓународна трговија закажани за ден 14.06.2019 ќе се одржат на ден 13.06.2019 год. во 9:30 часот


15 Мај 2019

Првиот поправен и вториот колоквиум по предметот статистика за економисти ќе се одржи на 28.05.2019 година со почеток во 08:30 часот (Амфитеатар III)


10 Мај 2019

Предавањата по предметот трговско право на ден 13.05.2019 год. нема да се одржат.


10 Мај 2019

Почитувани студенти, 
Економскиот Факултет Прилеп има чест да го сподели со вас конкурсот за избор на есеи
„Со европско знаење до европската престолнина“ 
во организација на Секретаријатот за европски прашања по повод одбележувањето на 9 мај- Денот на Европа.
Во тој контекст е и гостувачкото предавање оваа среда. Авторот на најдобриот есеј од нашиот факултет, ќе патува во Брисел на тридневна посета на европските институции, македонската мисија во Брисел, со покриени целосни трошоци за организација на патувањето.
Предизвикот е голем, но и тоа што треба да се сработи е со голема тежина - затоа проучете и повелете размислувајте и пишувајте!

Линк до конкурсот


09 Мај 2019

 

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА ДЕКА ПРЕДАВАЊАТА ПО ПРЕДМЕТОТ МАТЕМАТИКА КОИ СПОРЕД РАСПОРЕДОТ СЕ ОДРЖУВААТ ПРВ, ВТОР И ТРЕТ ЧАС, ВО ВТОРНИК НА 14.05.2019 ГОД. ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО ТЕРМИНОТ ОД 10.25 ЧАСОТ ОДНОСНО ЧЕТВРТ, ПЕТТИ И ШЕСТИ ЧАС ВО АМФИТЕАТАР III!

Предметен наставник:

проф.д-р Маргарита Јанеска


09 Мај 2019

СООПШТЕНИЕ 

Испитите на ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ по предметите Портфолио менаџмент и Маркетинг (напредно ниво) закажани за ден 04.06.2019 ќе се одржат на ден 05.06.2019 год. и тоа по следниот распоред:
Портфолио менаџмент (проф. д-р Драгица Оџаклиеска, проф. д-р Гордана Трајкоска) - 05.06.2019 год во 09:30 часот
Маркетинг (напредно ниво) (проф. д-р Каролина Илиеска, проф. д-р Снежана Обедниковска) - 05.06.2019 год. во 12:00 часот 


09 Мај 2019

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Почитувани студенти,

 

Годинава за првпат се организираат избори за членови  и претседател на  Факултетско студентско собрание. Право на глас имате сите кои сте запишани во академската 2018/2019 година, и кои сте внесени во списокот на избирачи објавен на огласната табла на ден 14.05.2019 година.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 20.05.2019 г. (понеделник) од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Факултетот.

 

Битно е да учествувате во гласањето бидејќи така добивате можност да изберете ваши претставници во органите на факултетот!

Во прилог: Листа на кандидати за претседател, Листа на кандидати за членови на студентско собрание и Упатство за гласање

симни документ


08 Мај 2019

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека пријавувањето на испитите за ЈУНСКИОТ испитен рок ќе се врши од 27 – 31 мај 2019 година. Се известуваат студентите да се придржуваат кон роковите наведени во соопштението.

Служба за студентски прашања


02 Мај 2019

Петта домашна работа по Економетрија

симни документ


02 Мај 2019

Петта домашна работа по Економија на труд

симни документ

| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2019. Сите права задржани.