Соопштенија


18 Февруари 2019

СООПШТЕНИЕ за студентите на ВТОР ЦИКЛУС на студии

 Им се соопштува на студентите - запишани на втор циклус студии, дека во периодот од 25.02.2019 – 05.03.2019 год. ќе се врши упис на II и IV семестар, односно евиденција (повторно запишување на предмети) од парните семестри.

 Економски факултет - Прилеп


17 Февруари 2019

РАСПОРЕД за вежби по предметот статистика за економисти во учебната 2018/2019 година

Ден

Група

Час

Време

Понеделник

Прва

3

09:40 – 10:20

Понеделник 

Втора

7

12:50 – 13:30

Среда

Прва

3

09:40 – 10:20

Среда

Втора

7

12:50 – 13:30


15 Февруари 2019

Им се соопштува на студентите кои ги слушаат предметот трговско право дека предавањата по распоредот за ден 18.02.2019 год. (понеделник) нема да се одржат.

Предметен наставник 

проф. д-р Мирослав Андоновски

Прилеп  15.02.2019 г. 


14 Февруари 2019

Им се соопштува на студентите од трет циклус студии дека запишувањето и заверувањето на предмети и активности од летните семестри, за академската 2018/2019 година ќе се врши во периодот од 20.02.2019 година до 28.02.2019 година.  


04 Февруари 2019

Усниот испит е задолжителен за сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи.

Усниот испит ќе се одржи во вторник 12.02.2019г. во канцеларија бр.26 по следниот распоред:

Деловен англиски јазик 1:

По азбучен ред по презиме:

А-К   09:30 часот

М-Ш  10:00 часот

Деловен англиски јазик 2:

11:00 часот.

Студентите кои имаат потреба од консултации или увид во тестовите можат да се јават во следниот термин: 06.02.2019г. (среда) од 10:00-11:00ч во канцеларија бр.26.


29 Јануари 2019

Деловен англиски јазик 1 - теми за есеј

симни документ


28 Јануари 2019

 

Студентите кои имаат потреба од увид на тестовите или консултации за испитите по Деловен англиски јазик во февруарска испитна сесија можат да се јават во следниот термин: 31.01.2019г. (четврток) од 11:00-12:00ч. во кабинет бр.26.

предметен професор

д-р Никола Димески


24 Јануари 2019

Им се соопштува на студентите дека Конултациите по предметот Сметководство закажани за ден 28.01.2019 година (понеделник) во 10:00 часот се одложуваат и истите ќе се одржат на ден 31.01.2019 година (четврток)  во 10:00 часот 

Предметен професор

Проф.д-р Гордана Витанова


03 Јануари 2019

ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК

за изразување интерес за мобилност во рамките на

ERASMUS+ Програмата

Академска 2019/2020

 

 

Со цел планирање на наредни мобилности и аплицирање на повикот за предлог-проекти за 2019 година во рамките на Програмата Еразмус+,

 

УКЛО објавува 

 

Повик

за изразување прелиминарен интерес за учество во

мобилност во рамките на Е+ Програмата 

Клучна акција 103: индивидуална мобилност за учење,

Високо образование:

 

- мобилност на студентите за студирање (SMS)

- мобилност на студенти за стажирање (SMP)

- мобилност на академски кадар за настава (ЅТА)

- мобилност на кадри за обука (ЅТТ)

 

Времетраење на мобилноста

 

1. За студенти: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)

2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

 

За академската 2019/2020, мобилноста ќе се реализира во периодот од 01/06/2019 до 30/09/2020.

 

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 

-         редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

-         академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.

 

Студентите и кадрите се пријавуваат на мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.

 

Постапка за прелиминарното пријавување

 

  • Студентите заинтересирани за мобилност во соработка со Еразмус+ координаторот должни се да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет. Прелиминарниот интерес се изразува преку пополнување ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА СТУДЕНТИ (прилог)

 

  • Академските кадри заинтересирани за мобилност, исто така треба да го информираат Еразмус+ координаторот. Прелиминарниот интерес се изразува преку пополнување ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА АКАДЕМСКИ КАДАР (прилог)

 

Собраните прелиминарни пријави факултетските координатори треба да ги достават во Канцеларијата за меѓународна соработка најдоцна до 21 јануари 2019, а прелиминарниот интерес ќе ни послужи за поуспешно пополнување на Апликацијата за учество на УКЛО во Клучната акција КА103, со краен рок за приложување во Националната агенција 5 февруари 2019.

 

По одобрувањето на Апликацијата, УКЛО ќе објави дефинитивен повик во согласност со конкретните месеци за студентска мобилност и конкретните бројки за академска мобилност, кога од кандидатите ќе се побара да поднесат комплетен пакет за аплицирање.

 

Канцеларија за меѓународна соработка

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола


01 Јануари 2019

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС (ДОДИПЛОМСКИ) СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА

симни документ

| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2019. Сите права задржани.