Соопштенија


05 Април 2019

Целосни стипендии за Македонци на Летна школа во Прага на Карлов Универзитет. Одлична можност за добивање на 6 ЕКТС кредити и запознавање со преку 120 врсници од цел свет со заеднички интереси во сферата на политичка економија и филозофија, меѓународни односи,  и менаџирање со конфликти. Одлично искуство преку предавања на еминентни професори од Џорџтаун и Техас Тех, како и запознавање со Прага и Карлов Универзитет кој е еден од најстарите универзитети во Европа.

Рокот за апликанти од Македонија е предолжен до 1 Мај! 


05 Април 2019

Им се соопштува на студентите кои го одложија колоквиумот по предметот - државно сметководство и сметководство на непрофитни организации поради поклопување на термините, кој се одржа на 05.04.2019 г., дека истиот ќе се одржи во понеделник на 08.04.2019г. во 11 часот.


20 Март 2019

КОНКУРС УКЛО ТРИВИУМ Натпревар во ораторствоУниверзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во пресрет на Денот на основањето на УКЛО и одбележување на 40 годишниот јубилеј, на 19 април      2019 година, по четврт пат организира натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот на тема:

40 години УКЛО:  Дигитална (р)еволуција

УКЛО ТРИВИУМ е одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување.          Конкурсот е отворен до 10 април 2019 година.

 

КРИТЕРЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ: 

  • Секој учесник треба да го ограничи својот говор до максимум 4 минути. Долна граница нема;
  • Говорите коишто ќе се интепретираат треба да бидат оргинални и претходно необјавувани;
  • Задолжителни компоненти на говорот: Вовед (10-20 проценти од целиот говор); Разработка на говорот (најдолгиот и најважниот дел на говорот) и Заклучок (5-10 проценти од целиот говор); Текстот на треба да содржи повеќе од 10% цитати.

УЧЕСНИЦИ НА КОНКУРСОТ:

  • На конкурсот може да учествуваат студенти од УКЛО - Битола.
  • Најдобрите оратори ќе бидат наградени.

ПРАВИЛА ЗА ГОВОРИТЕ:

  • Говорите треба да бидат напишани и изведени на македонски јазик;
  • За време на говорот се користат белешки или мултимедијална анимација (звук, фотографија, носечка централна мисла и сл.) кои му помагаат на говорникот;
  • Сите говори ќе имаат 20 секунди грејс период почнувајќи од моментот кога е даден стоп сигналот. На крајот од 20-те секунди говорникот ќе биде запрен од страна на Комисијата за оценка и сето она што е кажано потоа нема да се земе во предвид;
  • Учесниците на Конкурсот му ги отстапуваат авторските права на организаторот за објавување на говорите во електронска и печатена форма;

 Говорите треба да се испратат по електронски пат со назнака дека се праќаат за ораторскиот натпревар на следната електронска адреса oratorstvo2019@uklo.edu.mk;

симни документ


19 Март 2019

Согласно одлуката донесена од Наставно-научниот совет на ден 12.03.2019 год. при Економскиот факултет – Прилеп на студентите им е дозволен априлски (дополнителен) испитен рок.Пријавувањето на испитите ќе биде во периодот од 01 и 02 април 2019 година. (понеделник и вторник). Притоа студентите ги уплаќаат потребните средства како би се стекнале со право на полагање на избраните предмети.
Студентите кои ќе положат предмети од повторно запишаните се стекнуваат со право да запишат нови предмети согласно правилата за студирање по ЕКТС.
За полагање се уплаќаат 300,00 денари за стекнување на право за полагање во дополнителниот  испитен рок, 300,00 за секој испит посебно и 300,00 ден, плус ако испитот се полага повеќе од еднаш.


18 Март 2019

Првото предавање по предметот Пазар на капитал и финансиски институции на втор циклус на студии ќе се одржи на 13.04.2019 год. од 11:10 ч. до 13:10 ч.


17 Март 2019

Првиот колоквиум по предметот статистика за економисти ќе се одржи на 01.04.2019 година со почеток во 08:30 часот (Амфитеатар III)


15 Март 2019

СООПШТЕНИЕ За студентите на втор циклус студии

 Почитувани, пријавување на испитите за априлска сесија ќе се врши од 15.03 – 22.03.2019 год. Пријавувањето се врши со изготвени и одобрени семинарски трудови и пријава за испит.

За задоцнето пријавување или пријавување на денот на испитот следува казна од 400 ден. 


28 Февруари 2019

 Консултации по предметот Финансиско сметководство  ќе има на ден 01.03.2019(петок) во 8:30 часот и на ден 04.03.2019(понеделник) во 8:30 часот.

Предметен професор

Проф.д-р.Сузана Талеска


21 Февруари 2019

Се известуваат студентите дека часовите по предметот Меѓународен маркетинг на ден 22.02.2019 год. (петок) нема да се оддржат и се одложуваат во термин во договор со предметниот професор.

Забелешка: Се замолуваат студентите кои го избрале овој предмет да го контактираат предметниот професор: Мери Бошкоска на mail: meribb@yahoo.com


21 Февруари 2019

 
Се известуваат студентите дека часовите по предметот Меѓународен маркетинг на ден 22.02.2019 год. (петок) нема да се оддржат и се одложуваат во термин во договор со предметниот професор.
Забелешка: Се замолуваат студентите кои го избрале овој предмет да го контактираат предметниот професор: Мери Бошкоска на mail: meribb@yahoo.com

| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2019. Сите права задржани.