Соопштенија


12 Декември 2019

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека пријавување на испитите за февруарскиот испитен рок ќе биди во периодот од:

-  Од 23.12.2019 год до 27.12.2019год

 Студентите кои нема да се придржуваат кон односниот период ќе се изложат на дополнителни трошоци.


12 Декември 2019

Одлука за прием на кандидати за трет циклус – докторски студии во третиот уписен рок во академската 2019/2020 година на Економски факултет – Прилеп

симни документ


11 Декември 2019

Конкурс за Заменик Студентски Правобранител- Економски Факултет- Прилеп

симни документ


10 Декември 2019

Прелиминарна листа за трет циклус – докторски студии во третиот уписен рок во академската 2019/2020 година на Економски факултет

симни документ


06 Декември 2019

ПРЕЛИМИНАРЕН ПОВИК

за изразување интерес за мобилност во рамките на

ERASMUS+ Програмата

Академска 2020/2021

 

Со цел планирање на наредни мобилности и аплицирање на повикот за предлог-проекти за 2020 година во рамките на Програмата Еразмус+,

УКЛО објавува 

 Повик

за изразување прелиминарен интерес за учество во

мобилност во рамките на Е+ Програмата 

Клучна акција 103: индивидуална мобилност за учење,

Високо образование

- мобилност на студентите за студирање (SMS)

- мобилност на студенти за стажирање (SMP)

- мобилност на академски кадар за настава (ЅТА)

- мобилност на кадри за обука (ЅТТ)

 Времетраење на мобилноста

 1. За студенти: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)

2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

 За академската 2020/2021, мобилноста ќе се реализира во периодот од 01/06/2020 до 30/09/2021.

 Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерски институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 -         редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на  мобилноста), втор или трет циклус, за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

-         академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.

 

Студентите и кадрите се пријавуваат на мобилност исклучиво врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции.

Универзитетите/Факултетите со кои Економскиот факултет има потпишано Билатерален договор за реализирање на мобилност во рамите на Еразмус+ прогамата можете да ги најдете на следниот линк

 Постапка за прелиминарното пријавување

 

  • Студентите заинтересирани за мобилност во соработка со Еразмус+ координаторот должни се да ги проучат и споредат студиските програми на матичниот и странскиот универзитет и да се договорат за предметите што би можеле да ги слушаат и полагаат на странскиот универзитет. Прелиминарниот интерес се изразува преку пополнување ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА СТУДЕНТИ (прилог)

 

  • Академските кадри заинтересирани за мобилност, исто така треба да го информираат Еразмус+ координаторот. Прелиминарниот интерес се изразува преку пополнување ПРЕЛИМИНАРНА ПРИЈАВА ЗА АКАДЕМСКИ КАДАР (прилог)

Прелиминарните пријави да се достават до Еразмус+ координаторот на Економскиот факултет во Прилеп, проф. д-р Татјана Спасеска најкасно до 19.01.2020 год. на следната е-адреса: tatjana.spaseska@uklo.edu.mk




02 Декември 2019

Прелиминарна листа на кандидатите кои се примени во четврт уписен рок на Втор цуклус магистерски студии по студиски програми во Академска 2019/2020

симни документ


21 Ноември 2019

ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ВО АКАДЕМСКАТА 2019/2020 ГОДИНА ЗА ЧЕТВРТ УПИСЕН РОК

симни документ


18 Ноември 2019

На 19.11.2019 година (вторник), специјалистот психијатар Јохан Ѓорѓиоски ќе одржи предавање на тема: „Стрес и несоница - предизвик и третман“.
Предавањето ќе се одржи во Амфитеатар II, со почеток во 11.45 часот.


16 Ноември 2019

ДОПОЛНИТЕЛЕН КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО АКАДЕМСКАТА 2019/2020 ГОДИНА ЗА ТРЕТ УПИСЕН РОК

симни документ


10 Ноември 2019

 

Одлука за прием на кандидатите за втор циклус на студии во трет уписен рок во академската 2019/2020 година на Економскиот факултет – Прилеп

симни документ

| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2020. Сите права задржани.