Соопштенија


16 Јули 2021

СООПШТЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА И ПОДИГНУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРС ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ ВО СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ

Почитувани студенти,

Согласно Конкурсот за прием на студенти во студентски домови, а поради користење на колективен одмор на вработените на Економски факултет– Прилеп, Ве информираме дека потребните документи за конкурсот за прием на студенти во студентски домови ќе може да ги подигнувате од Факултетот на 09, 17, 18, 19 и 20 август во периодот од 09:00 до 12:00.

Економски факултет-Прилеп


13 Јули 2021

Им се соопштува на студентите од Економскиот факултет – Прилеп дека пријавувањето на испитите за септемврискиот испитен рок ќе се врши од 23.08.2021 год. до 27.08.2021 год.13.07.2021 год

Служба за студентски прашања


25 Јуни 2021

Се известуваат студентите  кои ги слушаа предметите Финансиски пазари и институции и Сметководство , поради пензионирање на предметниот професор  краен рок за земање потписи  и оценки во индексите  е   02.07.2021 (петок) во 12:30 часот 

 

 

Предметен професор 

проф.д-р Гордана Витанова


21 Јуни 2021

Се известуваат студентите  кои ги слушаа предметите Финансиски пазари и институции и Сметководство   дека потписи  и оценки во индексите  можат да земат  на ден 23.06.2021 (среда) во 09:30 часот и на ден 25.06.2021 (петок) во 11:00 часот

 

Предметен професор

Проф.др Гордана Витанова


19 Јуни 2021

На ден 21.06.2021 година во 10 часот ќе се одржи јавна одбрана на Дипломски труд од кандидатот Смилески Мите. Линк; 

 https://meet.google.com/jqy-qyif-bcp


12 Јуни 2021

Се известуваат студентите кои го слушаа предметот СОЦИОЛОГИЈА дека потписи и оценки во индекс можат да земат на 16.06.2021 (Среда) во 11 часот

Предметен Наставник

проф. д-р Али Пајазити


10 Јуни 2021

Деловен англиски јазик - устен испит

Усниот испит по предметот Деловен англиски јазик ќе се одржи во петок, 18.06.2021г. од 09:00 часот.  

Усниот испит ќе се спроведe преку платформата Google Meet. Студентите кои имаат право и сакаат да го полагаат усниот испит потребно е да се најават на е-маил: nikola.dimeski@uklo.edu.mk најдоцна до вторник, 15.06.2021г. По најавата, секој студент на е-маил повратно ќе добие термин и линк за да се приклучи на испитот.

Забелешка: Усниот испит е задолжителен. Право на устен испит имаат сите студенти кои го имаат положено писмениот дел и имаат најмалку 51 поен по сите основи.

Студентите кои e потребно да се јават или имаат потреба од консултации или увид во тестовите можат да го сторат истото на 14.06.2021г. (понеделник) од 08:30-9:30ч. во канцеларија бр.26.


07 Јуни 2021

Се известуваат студентите  кои го слушаа предметот Финансиски пазари и институции  дека потписи во индексите  можат да земат  на ден 09.06.2021 (среда) во 10:00 часот.

Предметен професор

Проф.д-р Гордана Витанова 


07 Јуни 2021

Се известуваат студентите од трет циклус кои го следат Семинарот за академско пишување од трет циклус дека истиот ќе се одржи онлајн во петок 11.06.2021 година од 17.30 до 20.30 часот. Линкот за Семинарот ќе биде дополнително објавен на платформата Classroom.


03 Јуни 2021

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022 ГОДИНА

симни документ

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
© Економски Факултет - Прилеп, 2007 - 2021. Сите права задржани.