Проф д-р Пеце Николовски

Редовен Професор

Кадар
  • Интернa и екстерна ревизија
  • Меѓународни сметководствени стандарди
  • Организација на ревизијата
  • Фискална ревизија
  • Ревизија – напредно ниво
  • Ревизија
  • Биографија

    Д-р Пеце Николовски е редовен професор на Економскиот факултет – Прилеп. Роден е на 14,02,1971 година во Битола, каде што го завршува основното образование и средното Екномско училиште „Јане Сандански“. Дипломските студии по економија ги завршува на Еконоскиот факултет – Прилеп. Магистерскиот труд под наслов „Маркетинг – менаџмент и неговата имплементација во индустријата за млеко, млечни производи и природни овошни сокови АД Млекара Битола (Како да се доближи и совлада денешниот потрпошувач преку герилскиот маркетинг)“ го одбранува на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. Докторската дисертација под наслов „Анализа и ревизија на финансиските извештаи на претпријатијата во Република Македонија во функција на економската ефикасност“ ја одбрани на Економскиот факултет – Прилеп, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, каде на 8.12.2003 год. беше промовиран во доктор на економски науки. Со одлука на Наставно-научниот совет на Економскиот факултет – Прилеп од ноември 2003 година е избран во звање доцент, во 2008 година е избран во вонреден професор, а во декември 2012 година Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го избра во редовен професор. На додипломските студии на Економскиот факултет – Прилеп на насоките : сметководство, финансии и ревизија; финансиски менамџнет и меѓународна економија. Настава изведува по предметите : Ревизија, Интерна и екстерна ревизија, Организација на ревизијата, Фискална ревизија, Меѓународни ревизорски стандарди и Меѓународни сметководствени стандарди. На вториот циклус на студии на Економскиот факултет – Прилеп настава изведува по предметите : Ревизија – напредно ниво и Менаџерска ревизија. На факултетот за Безбедност – Скопје на прв циклус на студии и на Факултетот за туризам и угостителство Охрид настава изведува по предметите : Финансиска контрола и ревизија и Интерна и екстерна контрола. На факултетот за биотехнички науки – Битола настава изведува по предметот Сметководство и Трошоци. На вториот циклус на студии на Факултетот за безбедност Скопје и Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид настава изведува по предметот Интерна и екстерна ревизија. Со одлука на одборот за акредитација на Р.Македонија од 2014 год. Проф. д-р Пеце Николовски има добиено акредитација за ментор на докторски студии. Проф. Д-р Пеце Николовски доаѓа од стопанството. Тој бил маркетинг менаџер во индустријата за млеко, млечни производи и природни овошни сокови АД „Млекара“ – Битола. Проф. Д-р Пеце Николовски бил втор Генерален директор на АД Стопанска Банка – Битола, бил член на надзорниот одбор на АД Стопанска Банка – Битола и  член на одборот за ревизија на Стопанска Банка А.Д Битола. Тој е член на Наставно – научниот совет на Економскиот факултет – Прилеп, претседател на Комисијата за издавачка дејност на Економскиот факултет – Прилеп и е член на Советот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Проф. Д-р Пеце Николовски член е на здружението на сметководители, финансисти и ревизори на град Битола и е активен член на македонското научно друштво – Битола. Проф. Д-р Пеце Николовски има објавено над 20 научни и стручни трудови од областа на ревизијата и финансиските извештаи, финансиската контрола и сметководството. Поле на научна преокупација на Николовски е ревизијата на финансиските извештаи, финансиската анализа, финансиската контрола и сметководството. Позначајни трудови на проф. Д-р Пеце Николовски се :

    –         Високошколски учебници :

    1. „Меѓународни ревизорски стандарди“,Економскиот факултет – Прилеп 2003;
    2. „Организација на ревизијата на финансиските извештаи“,Економскиот факултет – Прилеп 2004;
    3. „Фискална ревизија“,Економскиот факултет – Прилеп 2007;
    4. „Интерна и екстерна ревизија“,Економскиот факултет – Прилеп 2009;
    5. „Меѓународни сметководствени стандарди“,Економскиот факултет – Прилеп 2010;
    6. „Сметководство“, Факултет за биотехнички науки – Битола 2010;

    –         Книги :

    1. „Бизнис шпионажа“,Македонски научно друштво – Битола, 2008;

    –         Учебни помагала :

    1. „Збирка задачи по сметководствен менаџмент“, Економскиот факултет – Прилеп 2004;
    2. „Сметководствен план“,Македонски научно друштво – Битола, 2010;

    Покрај тоа проф. Д-р Пеце Николовски има учествувано на повеќе семинари и симпозиуми во земјата и странство (Минеаполис, Чикаго, Лас Вегас, Лос Ангелес, Сан Диего, Сан Франциско, Рим, Фиренца, Хаг, Ротердам, Аместердам, Прага, Атина, Софија, Будимпешта, Белград, Виена и Брисел).

    Книги

    –         Високошколски учебници :

    1. „Меѓународни ревизорски стандарди“,Економскиот факултет – Прилеп 2003;
    2. „Организација на ревизијата на финансиските извештаи“,Економскиот факултет – Прилеп 2004;
    3. „Фискална ревизија“,Економскиот факултет – Прилеп 2007;
    4. „Интерна и екстерна ревизија“,Економскиот факултет – Прилеп 2009;
    5. „Меѓународни сметководствени стандарди“,Економскиот факултет – Прилеп 2010;
    6. „Сметководство“, Факултет за биотехнички науки – Битола 2010;

    –         Книги :

    1. „Бизнис шпионажа“,Македонски научно друштво – Битола, 2008;

    –         Учебни помагала :

    1. „Збирка задачи по сметководствен менаџмент“, Економскиот факултет – Прилеп 2004;
    2. „Сметководствен план“,Македонски научно друштво – Битола, 2010;

    Престои

    Проф. д-р Пеце Николовски има учествувано на повеќе семинари и симпозиуми во земјата и странство и тоа: Скопје, Охрид, Маврово – Република Македонија; Минеаполис, Чикаго, Лас Вегас, Лос Анџелес, Сан Диего, Сан Франциско – САД; Рим, Фиренца – Италија; Хаг, Ротердам, Амстердам – Холандија; Прага – Чешка Република; Белград – Србија; Подгорица – Црна Гора; Сараево – БиХ; Атина – Република Грција; Софија – Република Бугарија и Брисел – Кралство Белгија.