Проф д-р Гордана Трајкоска

Редовен Професор

Кадар
  • Финансиска теорија и политика
  • Финансиски менаџмент
  • Економика на јавен сектор
  • Пазар на капитал и финансиски институции
  • Менаџмент со финансиски ресурси
  • Портфолио менаџмент
  • Управување со обртни средства

Реферат за избор

Одлука за избор

Биографија

Трајкоска д-р Гордана е родена во Прилеп на 08.04.1957 год. Дипломирала на Економскиот факултет – Прилеп на економско- финансиската насока во 1981 год. , а исто така магистрирала на овој Факултет во 1991 год. на тема : “ Проблеми на управување со обртните средства на претпријатијата “. Во 1996 год. докторирала на тема : “Финансиската рамнотежа и ликвидноста како фактори на рентабилноста на претпријатијата“ на Економскиот факултет-Прилеп, каде е извршен и изборот во звањето редовен професор во 2000 год. Научната преокупација и е ориентирана кон финансискиот менаџмент и фискалната економија, а предмети на коишто е избрана се : финансиски менаџмент и финансиска теорија и политика. Богатата научноистражувачка работа се заснова токму на областите што се нејзина перманентна преокупација, за што сведочат и големиот број објавени трудови.

Книги

– Финансиската структура и профитабилноста на претпријатието, самостојна книга, Економски факултет-Прилеп,1998

– Финансиско работење на претпријатијата, постојан ученик по финансиски менаџмент, во коавторство со проф.д-р Бранко Трајкоски, Универзитетска печатница “ Кирил и Методиј”, Скопје, 1990 г.

– Проблеми на управување со обртните средства на претпријатијата, Универзитет “Св.Климент Охридски”-Битола,Економски факултет-Прилеп, учебник во коавторство со проф.д-р Бранко Трајкоски – Фискална економија – во печат

Престои

– студиски престој во Атина, Волос и Солун во рамките на ТЕМПУС проектот;

– студиски престој во Ница на Универзитетот “Софија-Антиполис” во рамките на ТЕМПУС проект

-студиски престој во Болоња во рамките на проектот за граѓанско образование

Трудови и конф.

– Улогата на предприемаштвото за оптимализирање на финансиската структура на претпријатието, реферат на конференцијата на тема “Предприемаштво – теорија и практика”, одржана во Економскиот факултет при универзитетот “Неофит Рилски” во Благоевград, Благоевград, јуни 1994 год.;

– Финансиска анализа во функција на проценка на вредноста на претпријатието, Економски советник, бр.8, Економски центар А.Д.Скопје, Скопје 1994 год.;

– Финансиската анализа во функција на оптимализирање на финансиската структура на претпријатието, VI симпозиум на тема “Сметководствените, финансиските и ревизорските стандарди во функција на управување со претпријатијата”, Зборник на трудови, Сојуз на сметководители, финансии и ревизори на Република Македонија, Струга, декември 1994 год.;

– Финансиската рамнотежа и ликвидноста како фактори на рентабилноста на претпријатијата, докторска дисертација, Економски факултет, Прилеп, 1996 год.;

– Финансиската структура како основна детермината на финансиската ситуација на претпријатијата, Годишник на ДНУ – Прилеп, 1997 год.;

– Финансиската структура и ликвидноста на претпријатаијата во Република Македонија, реферат на X симпозиум на тема: “Сметководствениот и финансискиот систем на Република Македонија во концепциската рамка на меѓународните сметковотствени, и ревизорски стандарди”, Зборник на трудови, Сојуз на сметководители, финансии и ревизори на Република Македонија, Струга 1998 год.;

– Некои аспекти на контрола на финансиската структура на претпријатијата, реферат на Меѓународниот симпозиум во Благоевград на тема: “Проблеми на финансиската контрола и усовршување на системот на контрола во услови на пазарна економија”, Благоевград, 1998 год.;

– Функции на финансискиот менаџмент во остварувањето на финансиската стабилност и репродуктивна способност на претпријатијата, XII симпозиум – Сметководство и деловните финансии во современи услови за стопанисување, Струга, 2000 год.;

– Современиот концепт на финансискиот менаџмент – услов за развој на малите и средните претпријатија, Меѓународен симпозиум на тема “Регионалната соработка и економскиот развој”, Економски факултет – Прилеп, 2003 год.;

– Стандарди за оптимализирање на финансиската структура на претпријатието, Годишник на Економски факултет – Прилеп, 2003 год.;

– Финансиската политика на стопанските субјекти во функција на опимализирање на залихите, Годишник на Економски факултет – Прилеп, 2003 год.;

– Извештај за паричните текови како релевантна подлога за донесување деловни одлуки, Меѓународна научна конференција на тема “Предизвиците на новата економија”, Економски факултет – Прилеп, Охрид, 2005 год.;

– Капиталната структура на стопанските субјекти – услов за максимизирање на профитабилноста, Годишник на Економски факултет – Прилеп, 2005 год.;

– Стратегиите за тргување со опциите како иструмент на финансиската политика на акционерските друштва, Годишник на Економски факултет – Прилеп, Интернационална конференциа – Бизнисот и глобализацијата, Охрид 2007 год.;

Учество во научноистражувачки и стручни проекти од национален и меѓународен карактер

 

1. Физибилити студија за континуирано образование на менаџери, Меѓународен проект во рамките на  TEMPUS-PHARE програма
2. “Континуирано менаџерско образование”, Compact tempus-SCE,1999 год.
3. “Модернизацијата на јавната администрација и на јавната политика во Република Македонија”, Заеднички европски проект,  2000-2002 год.
4. “Администрирање и усовршување на универзитетите во Република Македонија”, Заеднички европски проект, 2001-2003 год.
5. Нацрт – студија за економскиот развој на Преспа – Еврорегион, 2002 год.
6. Утврдување на универзитетските кадровски можности за континуирана едукација на менаџерите , дел од физибилити студијата за континуирано менаџерско образование во рамките на TEMPUS – PHARE CME проектот, 1999 год.